Видео МКД
Овој вебинар е наменет за наставници од основните училишта, со средно ниво на искуство во користење дигитални алатки во наставата. Вебинарот има за цел да го претстави концептот и да понуди стратегии, ресурси како и практични примери и начини за спроведување на моделот на превртена училница (анг. flipped classroom). Следејќи го ова предавање, учесниците ќе можат да се запознаат со концептот на превртена училница. Во воведот предавачот ќе ги објасни концептот, предностите и недостатоците на превртената училница. Истовремено ќе презентира и неколку модели. Пред почетокот на главниот дел ќе бидат поставени прашањата во МентиМетер, потоа, преку лични реализирани примери на предавачот ќе бидат презентирани различни ресурси, алатки и техники на подучување, како и наставни методи и форми. Во завршниот дел ќе бидат зададени активности за учесниците.

За предавачот:
Адријана Тодорова е наставник по математика и физика, наставник-ментор, како и автор на повеќе стручни трудови. Нејзиниот педагошки пристап е насочен кон пренесување на наставните содржини на креативен начин, преку едукативни игри и проекти, со цел кај учениците да ја поттикне љубопитноста за истражување и желбата за учење.
