Видео МКД
Овој вебинар е наменет за наставници од основните и средните училишта кои се запознаени и веќе применуваат техники за формативно оценување во наставата со физичко присуство и од далечина (средно ниво) Слушателите ќе имаат можност да проследат конкретни примери и технички решенија за тоа како да се креираат рубрики со конкретни критериуми за формативно оценување на стекнати знаења и вештини кај учениците преку проектни задачи, презентации и училишни активности. Наставниците имаат секојдневна обрска да ги следат, вреднуваат и оценуваат учениците, но, тој процес денес е проширен и неопходно е учениците да бидат активни во овој сегмент. Токму затоа, рубриките како начин на следење на учениците се едно од најсоодветните средства за преземање сопствена одговорност. Во текот на овој вебинар ќе биде посочено како да се препознае добра рубрика, како да се креира добра рубрика за оценување и која е придобивката од оценувањето низ рубрики за наставникот, за ученикот, но и за родителот.

За предавачот:
Валентина Петрова долги години е наставник по македонски јазик во ООУ „Лазо Ангеловски“, а воедно ја извршува и функцијата помошник директор. Во текот на нејзиното децениско искуство имала и дополнителни ангажмани како координатор за унапредување на ИКТ вештините и администратор за ЕСАРУ/НПУД. Нејзината професионална мрежа со едукатори од повеќе земјии овозможуваа постојано да биде во тек со светските едукативни трендови како и со новите методи и техники на настава. Во нејзината професионална биографија се вбројуваат голем број обуки во матичното училиште и во други образовни институции на теми како што се:
- следење, вреднување и оценување на постигнувањата на учениците;
- компетенции на 21 век; ИКТ алатки во наставата;
- работа со талентирани и надарени ученици.
