Добредојдовте на ЕдуЛаб порталот за професионален развој

EдуЛаб нуди дигитални курсеви кои овозможуваат надградување на постоечките вештини и знаења прилагодени на вашето темпо и вашето време. ЕдуЛаб е сеопфатен центар со дигитални ресурси, дизајниран да го поттикне вашиот личен и професионален развој.

Курсеви Најнови

Овој дигитален курс моментално е достапен и наменет за едукаторите од проектните училишта вклучени во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Доколку вашето училиште е дел од проектот, по успешно уредување на вашиот профил, ве молиме контактирајте го проектниот координатор...
  • 22/11/2024
  • 513 Учесници
1.00 ден
Овој дигитален курс моментално е достапен и наменет за едукаторите од проектните училишта вклучени во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Доколку вашето училиште е дел од проектот, по успешно уредување на вашиот профил, ве молиме контактирајте го проектниот координатор...
  • 27/09/2024
  • 456 Учесници
1.00 ден
Овој дигитален курс е достапен и наменет за сите едукатори од основните и средните училишта во државата. Не е важно дали претходно сте побарале пристап – за да го започнете курсот, едноставно кликнете на копчето „Започни сега“. Во денешно време...
  • 02/07/2024
  • 633 Учесници
Бесплатно
Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
  • 14/02/2024
  • 973 Учесници
Бесплатно
Овој курс е дизајниран да ве научи на основните и напредните техники за успешно презентирање на вебинари. Составен е од пет модули, секој фокусирајќи се на клучни аспекти кои ќе ви помогнат да станете самоуверен и ефективен предавач. Модул 1:...
  • 18/08/2023
  • 44 Учесници
1.00 ден
Откријте ги функциите на четири клучни ИТ алатки кои ќе ви помогнат да ги зголемите вашите професионални вештини и продуктивност. Овој курс е специјално дизајниран за вработени во јавната администрација и нуди детални упатства и видео материјали. Во делот за...
  • 10/02/2023
  • 118 Учесници
1.00 ден

Што да очекувате на ЕдуЛаб?

Интерактивни курсеви

Избор на дигитални курсеви со широк спектар на учење, достапни на македонски и албански јазик, прилагодени на вашите потреби и вашите можности.

Квизови и Сертификати

Тестирајте го знаењето со квизови и здобијте се со сертификат за стекнати знаења.

Едукативни ресурси

Иновативни дигитални ресурси за подобрување на професионалните и личните вештини.

Ресурси

Водич за создавање наставни ресурси

20
Aктивности изработени од ученици за ученици.
Прегледај
ana-poprizova
Интерактивни неформални настани на актуелни теми.
Прегледај

Настани

17декември

Препознавање и соодветна реакција на сите видови насилство – примери на добри пракси

Пријава Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот Квиз Кликнете на иконата...
6:00 pm - 8:00 pm
Zoom (Online)
11декември

Законски обврски, стратегии и примери на добри пракси за заштита и учество на учениците

Пријава Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот Квиз Кликнете на иконата...
6:00 pm - 8:00 pm
Zoom (Online)
15мај

Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори​“ (втор дел)

Пријава Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот Евалуација Кликнете на иконата...
6:00 pm - 8:00 pm
Zoom (Online)

Курсот „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава - основно ниво“ беше одлично прилагоден за основно ниво, со јасно формулирани прашања и содржина која беше лесно разбирлива и применлива во наставата. Стекнатите знаења ги применив на час по практична настава (кабинетска настава), преку изработка на квиз кој беше интересен и корисен за учениците, овозможувајќи им да ги покажат своите вештини.  Курсот дефинитивно би го препорачала на моите колеги бидејќи нуди практични методи кои значително ќе го подобрат нивниот наставен процес и ќе помогнат во збогатување на наставните содржини. 

- Надица Трајковска

/ предметен наставник ОСТУ „Наце Буѓони“ - Куманово

Курсот „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава - основно ниво“ целосно ги исполни моите очекувања, нудејќи јасно структурирани модули и практичен пристап кој овозможи лесно и брзо совладување на содржините. Дигиталните алатки се покажаа како многу корисни за збогатување на часовите, со можност за примена во различни програмски подрачја и делови од часот. Учениците со голем интерес и мотивација учествуваа во активностите, покажувајќи креативност и ентузијазам за учење преку дигитални содржини.

Топло го препорачувам курсот на сите колеги кои сакаат да ја модернизираат својата настава и да внесат нови, ефикасни алатки во секојдневната образовна практика.

- м-р Благица Ангеловска

/ предметен наставник по македонски јазик, ООУ „Лазо Ангеловски“ - Скопје

Курсот „Примена на ИКТ алтаките во секојдневната настава - основно ниво“ не беше тежок, прашањата беа од самото предавање. Содржината беше лесна и јасна и веднаш ја применив на моите часови, користејќи презентации, квизови и игри прилагодени на возраста на учениците и содржините што требаше да ги обработам.

Веднаш го препорачав на моите колеги и им посочив дека е доста добро да се користат овие алатки.

- Гордана Никлеска

/ Одделенски наставник , ООУ „Глигор Прличев“ - Охрид

ЕдуЛаб е неопходен инструмент кој искрено очекувам директно да влијае на професионалниот развој на наставниците, особено во областа на дигиталната писменост на наставниот кадар како и употребата на ИКТ алатките во секојдневната настава. Ваквата поддршка на наставниците, но и на образованието генерално, ќе овозможи успешно креирање на идните одговорни дигитални граѓани.

- Биљана Стојановска

/ Одделенски наставник , ООУ „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Како професор по англиски јазик но и долгогодишен соработник, за мене СмартАП - Лабораторија за социјални иновации, преку проектите на кои работи, е двигател на многу позитивни промени во образованието. Несомнено и ЕдуЛаб како алатка која едукаторите ќе ја користат во надградување на своите професионални компетенции ќе има директен и позитивен импакт на образовниот процес кој ќе ги следи актуелните трендови на модерните образовни системи.

- Перо Сарџоски

/ Образовен експерт, обучувач, професор

Како наставник, имам потреба од постојан професионален развој за да се справам со сите предизвици со кои секојдневно се соочувам во мојата училница. Сметам дека ЕдуЛаб со понудените курсеви на македонски јазик целосно ќе ги задоволи моите потреби и директно ќе го подобри квалитетот на наставниот процес не само во мојата училница туку и во сите училници ширум државата. ЕдуЛаб е нешто што навистина им е потребно на сите наставници во државата!

- Марија Богатиновска

/ Одделенски наставник , ООУ „Никола Карев“ – Пробиштип