Тренинг за сајбер безбедност за едукатори
Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија и механизми за справување со интернет заканите, поради што истиот вклучува заштита на личните податоци, справување со сајбер насилство, онлајн измами и промовирање етичко однесување на интернет.
Содржината на курсот е поделена во пет модули, објаснети преку куси видеа кои ги опфаќаат различните аспекти за безбедноста на интернет. По завршувањето на секој модул, следува квиз за проверка на стекнатите знаења на учесниците на курсот. Доколку е исполнет бараниот процент на точно одговорените прашања, учесникот може да продолжи со слушање на следниот модул.
Овој курс е директно наменет за едукаторите (наставници и друг образовен кадар) но истите преку различните дополнителни ресурси понудени во рамки на модулите можат да го пренесат стекнатото знаење на учениците но и на родителите. Ова го прави курсот релевантен но истовремено и сестран за да го опфати особено важниот и често посочуваниот комуникациски тријаголник во образовниот процес: наставник-ученик-родител.
Целите на овој курс се учесниците да се стекнат со знаења и вештини за:
- Основни познавања и принципи за безбедноста на интернет
- Способност за препознавање основни видови измами
- Способност за создавање и одржување личен безбеден идентитет
- Способност за поставување и придржување кон границите на сопственото и туѓото однесување на интернет
- Способност за прифаќање и барање одговорност за интеракција на интернет
- Способност за развивање емпатија, почит, толеранција и позитивно комуницирање на интернет
- Способност за развивање критичко размислување, препознавање лажни информации и знаење каде да се обрати и да ги пријави лажните информации
По завршувањето на курсот, односно успешно одговарање на прашањата на квизот од секој модул, учесниците се здобиваат со дигитален сертификат за стекнати знаења. Условот за стекнување сертификат е точно одговорени најмалку 70% од поставените прашања.
Веруваме дека по успешното завршување на курсот, едукаторите ќе го споделат своето знаење со своите ученици и ќе ги интегрираат содржините од понудените ресурси во рамки на овој дигитален курс за безбедност на интернет, во своите наставни планирања.
Ви посакуваме успешно совладување на содржината и стекнување нови знаења и вештини!
Оваа активност се имплементира во рамки на проектот “Тренинг за сајбер безбедност за едукатори”, имплементиран од страна на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Curriculum
- 6 Секции
- 24 Лекции
- Неограничен пристап
- Вовед во курсот и упатсво за користење на платформата5
- М1 - Основи на интернет безбедностБезбедност на интернет (CyberSafety) се однесува на заштитата на личните информации од неправилна употреба преку заштита на компјутерските системи и мрежи. Во овој модул фокусот е на основните поими од различни аспекти на безбедност на интернет, со цел да се намали ризикот од кражба на податоци, малвери, фишинг и други видови кибер напади.5
- М2 - Онлајн идентитет и приватностОнлајн идентитетот ги опфаќа сите форми на онлајн присутност на едно лице: корисничко име, фотографии, статуси, активности на социјални мрежи, итн. Создавањето и одржувањето на безбеден онлајн идентитет се однесува на примена на мерки за заштита на овие информации.7
- 3.1Што е онлајн идентитет?12 минути
- 3.2Како да се управува со приватноста на интернет (приватни поставки на профили) – Facebook28 минути
- 3.3Како да се управува со приватноста на интернет (приватни поставки на профили) – Instagram15 минути
- 3.4Како да се управува со приватноста на интернет (приватни поставки на профили) – Tiktok10 минути
- 3.5Создавање и одржување на безбеден интернет идентитет15 минути
- 3.6Влијание на онлајн активностите врз личниот живот22 минути
- 3.7Квиз – М2 Онлајн идентитет и приватност40 минути15 Questions
- М3 - Безбедно споделување и комуницирање на интернетБезбедната и етичка комуникација на интернет бара почит од и кон другите, но и лична одговорност. Со следење на одредени принципи, може успешно да се изгради позитивна присутност и безбедно комуницирање на интернет.4
- М4 - Позитивна онлајн комуникацијаПозитивната комуникација со почит, емпатија, толерантност и користење на позитивен тон креира здрава заедница на интернет. Целта на овој модул е токму да се задржи на принципите кои се критични за да се изгради една здрава и конструктивна онлајн средина.4
- М5 - Критичко размислување на интернет и реакцијаИнтернетот е дел од дигиталниот свет во кој не е лесно безбедно да се навигира. Има премногу информации и можности, но не се сите точни и безбедни. Овој модул се однесува токму на препознавањето и справувањето со лажните вести и измами, преку развивање на критичкото размислување и можностите да се пријават недоследностите, несоодветните информации и чувството на лична небезбедност.5
- 6.0Препознавање лажни информации и онлајн измами8 минути
- 6.1Развивање на критичкото размислување и анализа на онлајн информации4 минути
- 6.2Пријавување несоодветни информации24 минути
- 6.3Квиз – М5 – Критичко размислување на интернет и реакција40 минути12 Questions
- 6.4Благодарност и завршување на курсот1 минута
Нашата цел е да катализираме иновации за промена во регионот и пошироко. СмартАп работи на градење екосистеми кои поврзуваат различни актери со цел промовирање и развој на социјални иновации, градејќи одржливо општество од социјален, економски и аспект на животната средина.
Курсеви кои дополнително би ве интересирале
- 10/02/2023
- 118 Учесници
- 18/08/2023
- 44 Учесници
- 14/02/2024
- 915 Учесници
- 02/07/2024
- 365 Учесници