ДомаЗа нас

Надополни знаење и оствари цел

Добредојдовте на ЕдуЛаб - вашата платформа за професионален развој и образовни ресурси! ЕдуЛаб е создадена за да понуди корисни дигитални содржини за ученици, наставници, вработени во јавна администрација, млади и сите други што сакаат да ги надградуваат своите знаења и вештини. Платформата нуди дигитални курсеви, ресурси, вебинари и дополнителни материјали што можат да се следат со сопствено темпо, според вашите потреби и можности.

Нашата мисија е да овозможиме пристап до квалитетно и практично образование. Платформата нуди курсеви и ресурси подготвени од образовни експерти, едукатори и партнери, со фокус на практична примена и корисни содржини.

6
Развиени курсеви
100
Активности на Идеја+
2114
Регистрирани корисници

Што може да очекувате на ЕдуЛаб?

undraw_online_learning_re_qw08

Интерактивни курсеви и ресурси

Избор на дигитални курсеви со широк спектар на теми, достапни на македонски и албански јазик, прилагодени на вашите потреби и можности.
undraw_deliveries_2r4y

Онлајн заедница за учење и соработка

Простор за размена на знаења и искуства преку форуми, групи и активности на платформата.
undraw_certification_re_ifll

Сертификати за завршени курсеви

Проверете го вашето знаење со квизови и добијте сертификат по успешно завршување на курсот.

Координација

Координатор

СмартАП е невладина организација која преку адресирање општествените предизвици во областите на иновациите во јавниот сектор, климатските промени и образованието нуди иновативни и ефективни решенија за креирање поубав и подобар свет.

Адресирањето на предизвикот за дигитализација во образованието кој се појави со почетокот на пандемијата во 2020 година, претставуваше поттик за преземање иницијатива за негово унапредување преку ко-креирање и иновации. Тимот на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации – скоро три години гордо го спроведуваше проектот ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку кокреирање и иновации, преку кој успеавме да фасилитираме процеси за креирање содржини од заедницата за заедницата и да создадеме библиотека богата со образовни ресурси наменети за поддржување на наставниот процес преку унапредување на професионален развој на образовниот кадар, како и за личен раст и развој на децата.

Горди сме што нашите идеи беа целосно прифатени и наидоа на голема и значајна поддршка од сите учесници во процесот. Како организација предводена од идејата да ги инспирираме и зајакнуваме организациите и луѓето со цел решавање општествени предизвици, особено сме горди што ја продолжуваме но и подобруваме оваа приказна преку нашата нова платформа за професионален развој и образовни ресурси – ЕдуЛаб.

Платформа за професионален развој и образовни ресурси

Партнери

Амбасада на САД

Амбасадата на САД во рамки на проектот “Тренинг за сајбер безбедност за едукатори”, имплементиран од страна на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации.

Детска Фондација „Песталоци“

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ со поддршка од Детската Фондација Песталоци, го спроведува проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во периодот септември 2023 – август 2026 година.