Говор на омраза во онлајн медиумите

Видео МКД

Вебинарот е наменет за сите наставници, стручни соработници и раководен кадар од основни училишта, кои се заинтересирани да научат како да го препознаат говорот на омраза и да ги разберат последиците од неговото ширење во медиумите. Сте се запрашале ли што всушност е говор на омраза? Колку често се среќаваме со говор на омраза во онлајн медиумите, односно во медиумите кои нè опкружуваат во секојдневието? 

Учесниците ќе научат што значи говорот на омраза, како се поврзува со стереотипите и каков ефект може да има во реалниот свет, особено врз младите. Предавачот ќе им објасни на учесниците како да прават разлика помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза, а ќе зборува и за тоа како секој граѓанин, поединечно може да помогне во деконструирање и спречување на овој феномен.

За предавачот:

М-р Драгана Ѓореска, наставник по англиски јазик и книжевност во СЕПУГС “Васил Антевски-Дрен” Скопје. Таа е магистер по филолошки науки од областа на лингвистиката. Ѓореска е Фулбрајт алумни на Државниот универзитет во Кент, Охајо, САД на групата за медиумска писменост. 

Таа е обучувач за медиумска писменост во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат” што го спроведуваа ИРЕКС и локалните партнери МИМ, ИКС и МОФ во соработка со БРО и МОН.

Толкување АЛБ

Сподели:

Категории

    Целта за изработка на овој водич е да ви даде вам, едукаторите, идеја, насока и поддршка во создавањето наставни ресурси поврзани со учеството на учениците во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, преку примена на наставни методи и...
    • 29/05/2025
    • 231 Учесник
    Бесплатно
    Во време кога технологијата со забрзано темпо оди напред, важно е да бидеме во чекор со нејзинито развој и промена. Таа има значајна и неизбежна улога во нашето секојдневие, па така и во нашето образование. Токму за тоа, овој напреден...
    • 27/09/2024
    • 752
    Бесплатно
    Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
    • 14/02/2024
    • 1099
    Бесплатно

Новости кои дополнително би ве интересирале

Оваа активност е објавена како Отворен образовен ресурс (OER) и не се користи во комерцијални цели. Сите права припаѓаат на...
Оваа активност е објавена како Отворен образовен ресурс (OER) и не се користи во комерцијални цели. Сите права припаѓаат на...
Оваа активност е објавена како Отворен образовен ресурс (OER) и не се користи во комерцијални цели. Сите права припаѓаат на...