Видео МКД
Современите педагошки и комуникациски истражувања го потенцираат значењето на креативната визуелна комуникација, пред сѐ, поради несомнено поголемиот степен на ангажираност и вклученост на учениците во содржината. Визуелните приказни преку создавање емпатија и поврзаност го втурнуваат ученикот во материјата која му ја предавате. Така, тие се идентификуваат со темата и идејата на емотивно ниво, при што стануваат мотивирани и инспирирани за учество на часот. Преку практични примери и конкретни постапки за креирање визуелни приказни и со примена на различни видови медиуми: слики, фотографии, илустрации, стрипови, видео блогови и слично, слушателите на вебинарот ќе научат како да ги развиваат креативните вештини кај учениците.

За предавачот:
Соња Трифуновска е одделенски наставник-ментор во ООУ „Гоце Делчев“ од Тетово. Во текот на нејзиното речиси две децениско искуство постојано истражува нови креативни и иновативни пристапи кои се во чекор со модерното време. Трифуновска истовремено е и ЕДУИНО амбасадор, креатор на дигитални образовни материјали и автор на едукативна сликовница со дигитални задачи.
