Видео МКД
На вебинарот ќе биде претставен методот на учење преку решавање проблеми во реален контекст. Целтите на овој метод се кај учениците да иницира поголема вклученост и повисоки резултати во наставата. Вебинарот ќе понуди практични примери на успешни практики за примена на моделот на учење преку решавање на проблеми со интегрирање на вештините на критичкото размислување и решавање комплексни и реални проблеми како мотивациски фактор за поголема и смисловна ангажираност на учениците во наставата.

За предавачот:
Александра Блажевска е професор по хемија и наставник – ментор во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош. Воедно, Блажевска е и Scientix амбасадор, претседател на „Креативен центар“- Карпош, Мајкрософт сертифициран едукатор за 21st Century Learning Designs, автор на трудови на теми поврзани со иновативни пристапи во наставата со примена на дигитални технологии, учесник на конгреси и конференции од областа на образованието на локално и меѓународно ниво и креатор на отворени образовни ресурси.
