Видео МКД
Во иновативната и трендовска педагогија се поголема е тенденцијата дизајнерското размислувањето да се вклучува како метода во наставата. На овој вебинар ќе бидат презентирани практични примери како преку активности во училницата да се имплементира дизајнерското размислувањето во наставната методологија. Во централниот дел ќе го објасниме потеклото на методологијата на дизајнерското размислувањето, кои се нејзините придобивки и кои се чекорите и методите на овој процес. Потоа, ќе се навратиме на принципите на методологијата и уште еднаш ќе ги повториме чекорите на процесот. Во практичниот дел на семинарот ќе ги изложиме предизвиците и предностите на методологијата дизајнерско размислување. Најзначајните сознанија на оваа тема ќе ги споделиме во главниот дел, преку презентација на две студии на случај во кои е применета оваа метода во наставата. Во овој сегмент ќе посочиме конкретни примери од практичната примена на методот во наставата.

За предавачот:
Дизајнерот на производи и услуги Милош Соколиќ, како предавач на вебинарот ќе ги сподели своите теоретски сознанија и практични искуства. Пред се, неговата работа е фокусирана на партиципативен дизајн/ко-дизајн и дизајнерско размислување како пристап кон иновирање. Соколиќ има големо искуство во креирање едукативни игри за ученици од I-II одделение, но од посебно значење е неговата непосредна пракса со употребата на дизајнерското размислување како метод за иновирање во проекти од јавниот и едукативниот сектор.
