Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (основно ниво)
Овој дигитален курс моментално е достапен и наменет за едукаторите од проектните училишта вклучени во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Доколку вашето училиште е дел од проектот, по успешно уредување на вашиот профил, ве молиме контактирајте го проектниот координатор во вашето училиште за да ви биде одобрен пристап до курсот.
Дигиталниот курс ќе биде достапен за сите едукатори, откако ќе бидат успешно исполнети проектните цели.
Во денешно време на дигитални технологии, примената на ИКТ алатките во образованието е од суштинска важност за подобрување на процесот на учење и подучување. Особено во основните и средните училишта, каде што започнува оформувањето на основните вештини и знаења кај учениците, примената на дигитални алатки не само што ги збогатува наставните содржини, туку и овозможува интерактивно учење и адаптирање на наставниот процес според потребите на секој ученик, во училници со комбиниран пристап на дигитални и физички ресурси, но и при настава од далечина.
Имено, денес веќе живееме во општество каде што технологијата проникнува во сите аспекти на животот, што ја наметнува и потребата кај наставниот кадар во основните и средните училишта во Р.С. Македонија да бидат подготвени да ги воведат и успешно користат дигиталните алатки во наставниот процес. Развивањето на дигитални вештини кај наставниот кадар не само што ќе овозможи подобри услови за учење, туку и ќе им овозможи на наставниците да бидат активни учесници во унапредување на образовниот процес, како и да ги подготват учениците за успешно справување со предизвиците на 21 век.
Овој напор за воведување на ИКТ алатки во наставата не само што ќе го зголеми квалитетот на образованието, туку и ќе го подобри нивото на дигитална писменост кај учениците и наставниците, што е критично во дигиталниот свет во кој живееме.
- Модул 1: Користење интернет прелистувач и работа со Google Docs
Овој модул ги воведува наставниците во основите на користење на интернет прелистувачи за пребарување информации и ги учи како да креираат и уредуваат документи со Google Docs. Наставниците ќе научат како да користат Google Docs за колаборативно учење, да креираат документи, да форматираат текст и да вметнуваат слики и табели, како и да организираат документи во фолдери. - Модул 2: Креирање интерактивни презентации со Google Slides
Во овој модул, наставниците ќе научат како да креираат и уредуваат презентации со Google Slides. Тие ќе се запознаат со креирање интерактивни презентации користејќи додатоци и ќе научат како да ги споделуваат и користат презентациите за колаборативно учење со учениците, овозможувајќи визуелно и интерактивно презентирање на наставните содржини. - Модул 3: Колаборативно учење со Google Sheets и формативно оценување со Google Forms
Овој модул ги опфаќа основите на користење на Google Sheets за организација на податоци и колаборативно учење, како и креирање на анкети и тестови преку Google Forms. Наставниците ќе научат како да интегрираат Google Sheets и Google Forms во наставната практика за поддршка на колаборативното учење и формативното оценување, овозможувајќи ефикасно управување и оценување на ученичкиот напредок. - Модул 4: Дополнителни алатки за синхрона настава – Sway и Wordcloud
Во овој модул, наставниците ќе се запознаат со алатките Sway и Wordcloud, кои се корисни за креирање динамични презентации и за зголемување на интерактивноста во синхроната настава. Наставниците ќе научат како да креираат и уредуваат динамични презентации со Sway и како да користат Wordcloud за визуелно и креативно изразување на идеи, овозможувајќи им на учениците поголема интеракција и ангажираност. - Модул 5: Вовед во ИКТ алатки за гејмификација во наставата
Овој модул им помага на наставниците да се запознаат со напредни ИКТ алатки како LearningApps и Wordwall, кои овозможуваат гејмификација и зголемена интерактивност на наставата. Наставниците ќе научат како да креираат едукативни апликации, сетови од картички и тестови, и интерактивни игри и активности, со што ќе го подобрат искуството на учениците и ќе ги мотивираат за активно учество и учење преку игра.
Оваа активност се имплементира од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.
Curriculum
- 6 Секции
- 17 Лекции
- Неограничен пристап
- Вовед во курсот и упатство за користење на платформата5
- Модул 1: Користење интернет-прелистувач и работа со Google DocsОвој модул има за цел да им помогне на наставниците да ги развијат вештините за пребарување информации а потоа со истите да креираат и уредуваат со помош на Google Docs. Исто така, во овој модул ќе бидат презентирани и начините за користење на оваа алатка за колаборативно учење во синхрона и асинхрона настава.4
- Модул 2: Создавање колаборативни презентации на Google Slides Овој модул има за цел да им помогне на наставниците да се стекнат со вештини за креирање на презентации преку алатката Google Slides, што ќе им овозможи да ги подготват и презентираат своите наставни содржини на интерактивен и визуелно привлечен начин3
- Модул 3: Примена на Google Sheets и Google Forms во наставаОвој модул има за цел да им помогне на наставниците да се стекнат со вештини за успешно користење на Google Sheets и Google Forms како алатки за колаборативно учење.3
- Модул 4: Дополнителни алатки за динамична и интерактивна наставаОвој модул има за цел да им помогне на наставниците да се стекнат со вештини за успешно користење на Sway и Wordcloud како дополнителни алатки за синхрона настава (од далечина, хибридна и комбинирана настава).3
- Модул 5: Вовед во ИКТ алатки за гејмификација во наставатаОвој модул има за цел да им помогне на наставниците да се запознаат и да се стекнат со вештини за успешно користење на напредни ИКТ алатки како LearningApp и Wordwall, кои се корисни за подобрување на настава и учењето преку гејмификација и зголемена интерактивност на час.4
Нашата цел е да катализираме иновации за промена во регионот и пошироко. СмартАп работи на градење екосистеми кои поврзуваат различни актери со цел промовирање и развој на социјални иновации, градејќи одржливо општество од социјален, економски и аспект на животната средина.
Курсеви кои дополнително би ве интересирале
- 10/02/2023
- 118 Учесници
- 18/08/2023
- 44 Учесници
- 14/02/2024
- 959 Учесници
- 02/07/2024
- 521 Учесник