Успешни презентациски вештини за одржување на вебинар

Обука за презентациски вештини за предавачи – корица
1.00 ден
Подготвено од експерт 5 лекции Времетраење: 2 часа Македонски Квиз: Не вклучува Сертификат: Да, вклучува Тежина: Почетно

Овој курс е достапен и наменет за интерниот тим на предавачи на СмартАП. Доколку сте дел од ростер листата на предавачи на СмартАП вебинарите и активностите, по успешно поставување на нарачка, потребно е да не контактирате на help@innovationlab.mk со цел да ви се одобри пристап до овој курс.

Овој курс е дизајниран да ве научи на основните и напредните техники за успешно презентирање на вебинари. Составен е од пет модули, секој фокусирајќи се на клучни аспекти кои ќе ви помогнат да станете самоуверен и ефективен предавач.

Модул 1: Подготовка и презентација на вебинар
Ќе научите како да ја надминете тремата и да изградите самодоверба при презентирање на вебинар. Ќе разберете колку е важен професионалниот визуелен стил и како да вежбате за подобрување на вашите презентерски вештини.

Модул 2: Структурирање на вебинар и креирање белешки
Овој модул се фокусира на правилното структурирање на вашиот вебинар. Ќе научите како да го воведете, организирате главниот дел и завршите вебинарот. Исто така, ќе разгледаме како да креирате и користите белешки за ефикасно презентирање, вклучувајќи практични совети за следење и адаптирање на вашите белешки.

Модул 3: Говор на тело и глас
Во овој модул, ќе научите за значењето на говорот на телото и како тој влијае на публиката. Ќе се фокусираме на контакт со очи, израз на лицето, движења и гестикулации. Дополнително, ќе разгледаме како правилниот изговор, јачината на гласот, брзината и интонацијата можат да придонесат за поефективна комуникација.

Модул 4: Планирање на времето на вебинарот
Овој модул ќе ви помогне да научите како правилно да го планирате времето за вашата презентација. Ќе разберете како да ја поделите презентацијата на помали временски интервали, да го мерите времето додека ја вежбате и да бидете флексибилни при непредвидени ситуации.

Модул 5: Евалуација и одговарање на прашањата 
Во последниот модул, ќе научите како да креирате ефективен формулар за евалуација на вашиот вебинар. Ќе разгледаме и техники за одговарање на прашања од публиката, вклучувајќи предвидување на прашања, користење на модератор, учтивост и управување со времето за прашања и одговори. Овој модул ќе ви помогне да обезбедите квалитетна интеракција и добар фидбек од вашите учесници.

Со завршувањето на овој курс, ќе бидете подготвени да презентирате вебинари со самодоверба, професионалност и ефективност, обезбедувајќи високо ниво на вклученост и задоволство на вашите учесници.

Овие материјалите се подготвени во рамки на проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Министерството за образование и наука (МОН). Проектот е имплементриран од страна на УНИЦЕФ и СмартАп – Лабораторија за социјални иновации.

Курсеви кои дополнително би ве интересирале