Модул 1: Користење интернет-прелистувач и работа со Google Docs
4 активности
Овој модул има за цел да им помогне на наставниците да ги развијат вештините за пребарување информации а потоа со истите да креираат и уредуваат со помош на Google Docs. Исто така, во овој модул ќе бидат презентирани и начините за користење на оваа алатка за колаборативно учење во синхрона и асинхрона настава.
Модул 2: Создавање колаборативни презентации на Google Slides
3 активности
Овој модул има за цел да им помогне на наставниците да се стекнат со вештини за креирање на презентации преку алатката Google Slides, што ќе им овозможи да ги подготват и презентираат своите наставни содржини на интерактивен и визуелно привлечен начин
Модул 3: Примена на Google Sheets и Google Forms во настава
3 активности
Овој модул има за цел да им помогне на наставниците да се стекнат со вештини за успешно користење на Google Sheets и Google Forms како алатки за колаборативно учење.
Модул 4: Дополнителни алатки за динамична и интерактивна настава
3 активности
Овој модул има за цел да им помогне на наставниците да се стекнат со вештини за успешно користење на Sway и Wordcloud како дополнителни алатки за синхрона настава (од далечина, хибридна и комбинирана настава).
Модул 5: Вовед во ИКТ алатки за гејмификација во наставата
4 активности
Овој модул има за цел да им помогне на наставниците да се запознаат и да се стекнат со вештини за успешно користење на напредни ИКТ алатки како LearningApp и Wordwall, кои се корисни за подобрување на настава и учењето преку гејмификација и зголемена интерактивност на час.