Тренинг за сајбер безбедност за едукатори​

09/2024 24 лекции Македонски; Албански

Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија и механизми за справување со интернет заканите, поради што истиот вклучува заштита на личните податоци, справување со сајбер насилство, онлајн измами и промовирање етичко однесување на интернет.

Содржината на курсот е поделена во пет модули, објаснети преку куси видеа кои ги опфаќаат различните аспекти за безбедноста на интернет. По завршувањето на секој модул, следува квиз за проверка на стекнатите знаења на учесниците на курсот. Доколку е исполнет бараниот процент на точно одговорените прашања, учесникот може да продолжи со слушање на следниот модул.

Овој курс е директно наменет за едукаторите (наставници и друг образовен кадар) но истите преку различните дополнителни ресурси понудени во рамки на модулите можат да го пренесат стекнатото знаење на учениците но и на родителите. Ова го прави курсот релевантен но истовремено и сестран за да го опфати особено важниот и често посочуваниот комуникациски тријаголник во образовниот процес: наставник-ученик-родител.

Целите на овој курс се учесниците да се стекнат со знаења и вештини за:

  • Основни познавања и принципи за безбедноста на интернет
  • Способност за препознавање основни видови измами
  • Способност за создавање и одржување личен безбеден идентитет
  • Способност за поставување и придржување кон границите на сопственото и туѓото однесување на интернет
  • Способност за прифаќање и барање одговорност за интеракција на интернет
  • Способност за развивање емпатија, почит, толеранција и позитивно комуницирање на интернет
  • Способност за развивање критичко размислување, препознавање лажни информации и знаење каде да се обрати и да ги пријави лажните информации

По завршувањето на курсот, односно успешно одговарање на прашањата на квизот од секој модул, учесниците се здобиваат со дигитален сертификат за стекнати знаења. Условот за стекнување сертификат е точно одговорени најмалку 70% од поставените прашања.

Веруваме дека по успешното завршување на курсот, едукаторите ќе го споделат своето знаење со своите ученици и ќе ги интегрираат содржините од понудените ресурси во рамки на овој дигитален курс за безбедност на интернет, во своите наставни планирања.

Ви посакуваме успешно совладување на содржината и стекнување нови знаења и вештини!

 

Оваа активност се имплементира во рамки на проектот ​ “Тренинг за сајбер безбедност за едукатори”, имплементиран од страна на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.​

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.​

 

Курсеви кои дополнително би ве интересирале

Дома Курс – SafeCyberEdu Курсеви кои дополнително би ве интересирале Види повеќе февруари 10, 2023 1.00 ден Започни со учење август 18, 2023 1.00 ден Започни со учење февруари 14, 2024 Бесплатно Започни со учење јули 2, 2024 Овој курс...
  • 14/02/2024
Бесплатно
Овој курс е дизајниран да ве научи на основните и напредните техники за успешно презентирање на вебинари. Составен е од пет модули, секој фокусирајќи се на клучни аспекти кои ќе ви помогнат да станете самоуверен и ефективен предавач. Модул 1:...
  • 18/08/2023
  • 49
1.00 ден
Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
  • 14/02/2024
  • 1099
Бесплатно
Овој дигитален курс е достапен и наменет за сите едукатори од основните и средните училишта во државата. Не е важно дали претходно сте побарале пристап – за да го започнете курсот, едноставно кликнете на копчето „Започни сега“. Во денешно време...
  • 02/07/2024
  • 871 Учесник
Бесплатно