Превенција и заштита од насилство

10/2026 27 лекции Македонски; Албански

Современото опкружување се соочува со многубројни предизвици поврзани со насилството, кои засегаат различни аспекти на животот на луѓето, вклучувајќи ги физичката и емоционалната состојба. Насилството не само што може да предизвика големи последици кај личностите кои се негови жртви, туку може да има негативни последици врз средината во целост. Образованието и свесноста на луѓето за насилството има важна улога во намалувањето на негативните последици и во промовирањето на ненасилство, толеранција и почит.

Токму затоа овој дигитален курс за „Превенција и заштита од насилство“ е дизајниран за едукаторите да ги зајакнат своите компетенции во однос на градење на безбедна и поддржувачка училишна средина.

Преку понудените содржини, овој дигитален курс има за цел да ги посочи различните видови насилство, нивните причини и последици, како и да упати кон практични стратегии и вештини за превенција и заштита.

  • Модул 1: Разбирање и препознавање на различни видови насилство
    Овој модул има за цел да ги претстави различните форми и видови насилство, да ја подигне свеста за нивните последици, како и да понуди стратегии и вештини за едукација и спречување на различните видови насилство.
  • Модул 2: Причини и превенција од насилство
    Вториот модул има за цел да помогне во подобро разбирање на причините и факторите за насилство, како културните и психолошките фактори влијаат на тоа и како ефикасно да се спречи насилство вклучувајќи го и мултидисциплинарниот пристап во справувањето и превенцијата на насилството.
  • Модул 3: Последици од насилството врз учениците и врз образовната средина
    Содржините од овој модул се насочени кон физичките и емоционални последици кај жртвите кои се изложени на насилство и како самото насилство влијае на училишниот успех и на животот на учениците.
  • Модул 4: Пријавување и реагирање на случаи на насилство
    Во четвртиот модул се опфатени содржини кои ја посочуваат важноста од раното детектирање на насилството, начините на кои се пријавува насилството и процедурите што треба да се следат со цел да се обезбеди безбедна училишна средина за сите ученици и ученички.
  • Модул 5: Поддршка и интервенции
    Петтиот и последен модул се фокусира на поддршката и интервенциите во контекст на случаите на насилство, со особен акцент на самодовербата. Преку лекциите се презентираат практични стратегии и техники за обезбедување поддршка за жртвите на насилство, различните видови интервенции за решавање конфликтни ситуации и начините за детектирање можни и повторливи случаи на насилство.

Со континуирани напори за превенција и заштита од насилство во училиштата, градиме побезбедно опкружување за сите!

Оваа активност се имплементира од страна на ​ СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. ​ Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“. ​

Курсеви кои дополнително би ве интересирале

Овој курс е дизајниран да ве научи на основните и напредните техники за успешно презентирање на вебинари. Составен е од пет модули, секој фокусирајќи се на клучни аспекти кои ќе ви помогнат да станете самоуверен и ефективен предавач. Модул 1:...
  • 18/08/2023
  • 49
1.00 ден
Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
  • 14/02/2024
  • 1100
Бесплатно
Овој дигитален курс е достапен и наменет за сите едукатори од основните и средните училишта во државата. Не е важно дали претходно сте побарале пристап – за да го започнете курсот, едноставно кликнете на копчето „Започни сега“. Во денешно време...
  • 02/07/2024
  • 871 Учесник
Бесплатно