Родителите и децата од дигиталната генерација

Видео МКД

Вебинарот е наменет за сите родители, наставници, воспитувачи, стручни соработници и раководен кадар од основни училишта и градинките, кои се заинтересирани подобро да го разберат детето и светот зад екранот. Како да комуницираме со децата на генерацијата Алфа? Кои пристапи се најважни за родителите? Како до безбедно и здраво користење на социјалните медиуми? Ова се некои од прашањата што ќе бидат опфатени на интерактивниот вебинар, кој преку дискусија за актуелни теми и автентични примери може да им помогне на наставниците и на родителите. Учесниците на вебинарот ќе добијат конкретни насоки што ќе им овозможат ефикасно да комуницираат со родителите и со учениците, за да можат безбедно и одговорно да навигираат низ дигиталниот свет.

Овие содржини се дел од Прирачникот за медиумска писменост на родители (алб. верзија), којшто треба да им послужи на наставниците и на родителите лесно и ефикасно да ги водат учениците низ дигиталната сфера.

Овој вебинар освен за наставниците од основно училиште е предвиден и за воспитниот кадар од предучилиштните установи.

За предавачите:

Тамара Ќупева е научен соработник и долгогодишен просветен работник.

Ирена Христовска е магистер по политички науки, комуникација и медиуми, долгогодишен просветен работник, едукатор и обучувач за наставници, родители и деца.

Тие се обучувачи за медиумска писменост во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат” што го спроведуваа ИРЕКС и локалните партнери МИМ, ИКС и МОФ во соработка со БРО и МОН.

 

Толкување АЛБ

Сподели:

Категории

    Целта за изработка на овој водич е да ви даде вам, едукаторите, идеја, насока и поддршка во создавањето наставни ресурси поврзани со учеството на учениците во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, преку примена на наставни методи и...
    • 29/05/2025
    • 231 Учесник
    Бесплатно
    Во време кога технологијата со забрзано темпо оди напред, важно е да бидеме во чекор со нејзинито развој и промена. Таа има значајна и неизбежна улога во нашето секојдневие, па така и во нашето образование. Токму за тоа, овој напреден...
    • 27/09/2024
    • 752
    Бесплатно
    Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
    • 14/02/2024
    • 1099
    Бесплатно

Новости кои дополнително би ве интересирале

Оваа активност е објавена како Отворен образовен ресурс (OER) и не се користи во комерцијални цели. Сите права припаѓаат на...
Оваа активност е објавена како Отворен образовен ресурс (OER) и не се користи во комерцијални цели. Сите права припаѓаат на...
Оваа активност е објавена како Отворен образовен ресурс (OER) и не се користи во комерцијални цели. Сите права припаѓаат на...