Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори​“ (втор дел)

Видео МКД

Ни претставува особена чест и задоволство да ви го претставиме нашиот нов Тренинг за сајбер безбедност на едукатори. Поттикнати од континуираниот процес на учење и надоградување во полето на безбедност на интернет, го креиравме овој курс со цел полесно надминување на предизвиците и полесна адаптација на новите интернет трендови. Овој курс е само еден, но значаен чекор, во процесот на создавање системски решенија и механизми за справување со интернет заканите, поради што истиот вклучува заштита на личните податоци, справување со сајбер насилство, онлајн измами и промовирање етичко однесување на интернет.

Како учесници на ЕДУЛАБ-вебинарите, ќе имате можност:

  • да поставувувате прашања;
  • да имате консултации со предавачот;
  • да добиете сертификат за учество.

За #темата:

Темата на вториот ЕдуЛаб-вебинар е запознавање на едукаторите и стручните соработници со начините на безбедното онлајн однесување:

  • Позитивна онлајн комуникација
  • Препознавање и справување со кибернасилство
  • Почит и толерантно однесување на интернет
  • Критичко размислување со цел препознавање лажни информации и онлајн измами
  • Развивање критичко размислување и анализа на онлајн информации

За #предавачот:

Валентина Петрова работи како наставник по Македонски јазик во ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром. Таа воедно е и училиштен администратор за ЕСАРУ, Е-дневник и НПУД. Како долгогодишен едукатор, учествувала во многу државни и меѓународни проекти поврзани со подобрување на наставниот процес и учествувала на повеќе домашни и странски конференции посветени на образованието. Валентина посетила и била предавач на многу обуки посветени на подобрување и унапредување на образованието.

Толкување АЛБ

Сподели:

Категории

    Целта за изработка на овој водич е да ви даде вам, едукаторите, идеја, насока и поддршка во создавањето наставни ресурси поврзани со учеството на учениците во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, преку примена на наставни методи и...
    • 29/05/2025
    • 231 Учесник
    Бесплатно
    Во време кога технологијата со забрзано темпо оди напред, важно е да бидеме во чекор со нејзинито развој и промена. Таа има значајна и неизбежна улога во нашето секојдневие, па така и во нашето образование. Токму за тоа, овој напреден...
    • 27/09/2024
    • 752
    Бесплатно
    Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
    • 14/02/2024
    • 1099
    Бесплатно

Новости кои дополнително би ве интересирале

Видео МКД https://www.youtube.com/live/rhhAFK27jKE Вебинарот е наменет за наставници и стручни соработници од средни училишта. Програмските содржини на овој вебинар ќе...
Видео МКД   Вебинарот е наменет за директорите на средните училишта и за претставниците од општините. Неговата цел е да им...
Видео МКД   Овој вебинар е наменет за сите наставници и стручни соработници од основните и средните училишта кои се заинтересирани...