Видео МКД
Вебинарот е наменет за наставници и стручни соработници од средни училишта. Програмските содржини на овој вебинар ќе им овозможат на наставниците и на стручните соработници да ја увидат значајноста од ученичкото учество во телата на училиштето, улогата во превенција од насилно однесување во нивното училиште, како и начините на постапување во случаи на насилство.
Ќе направиме преглед на значењето на ученичкото учество во средните училишта, улогата на наставниците и стручните соработници, како и начините на кои ученичкото учество може да помогне во превенција на насилството во училишната средина.
Предавачот ќе ги запознае учесниците со позитивни примери од праксата за заштита на ученици и ефективните модели на ученичко учество и партиципација во средното образование.
За предавачот:
Ана Попризова е психолог со триесетгодишно искуство во улога на наставник и училиштен психолог, истражувач и Гешталт терапевт. Претседател е на Активот на стручни соработници на средните училишта на Град Скопје. Активно работи на полето на менталното здравје и е обучувач на различни теми од областа на образованието. Има богато искуство како практичар во обезбедување на психосоцијална поддршка на ученици и родители. Верува дека заедничката соработка помеѓу училиштето, родителите и заедницата се рецепт за градење на здрава, активна и одговорна младина.
