Видео МКД
Креативното учење преку игра е една од основните потреби на учениците од предучилишното и основното образование, пред се поради тоа што помага во развојот на нивниот емоционален, физички, ментален и социјален развој. Преку педагошки методи во кои е вклучена играта тие учат за светот кој ги опкружува, стекнуваат искуства, откриваат, поставуваат прашања и бараат одговори, експериментираат, креираат, ги развиваат сетилата, вештините и интелектуалните способности.
Креативноста го подобрува учењето преку вклучување на критичко размислување, планирање и фокусирање на вниманието. Со употребата на методи како што се драмата, визуелните уметности, ракотворствотот, музиката и танцот, се активираат различни реони на мозокот и во тој процес учениците откриваат содржини кои претходно им биле непознати, учат како да решаваат проблеми, или, изнаоѓаат нов агол на перцепција на некоја тема, но истовремено може да научат и како да изработат конкретно дело или предмет.

За предавачот:
м-р Магдалена Петреска работи како одделенски наставник во ООУ- „Лазо Ангеловски“ во Скопје. Во професијата е отворена за сооработка и комуникација, ги применува методите на поттикнување и мотивирање и има теориско и практично знаење од областа на менаџментот и организацијата. м-р Петреска има сериозен пристап и целосна посветеност на работата како наставник и особено внимание посветува на правилното насочување на учениците кон иднината. Воедно, м-р Петреска работи и како едукатор во „Светот на Биби“ и како автор на литертаура за деца во рамките на „Бибиверзум“.
