Видео МКД
На почетокот на вебинарот, предавачот ќе ве запознае со „Целите за одржлив развој“ на ООН и целта поради која тие се донесени. Во главниот дел Целите ќе бидат групирани врз основа на заедничките карактеристики, ќе бидат изложени примери за нивна применливост и одржливост и ќе биде објаснета важноста за општеството од нивниот рамномерен развој (животна средина-економија-општество). Потоа ќе следи дел во кој ќе бидат презентирани примери од работилници со ученици и родители и ќе бидат презентирани рефлексиите од активностите. Во завршниот дел ќе се потенцира значењето Целите да започнат со реализација уште во предучилишните установи, да продолжат низ сите образовни циклусии да се имплементираат во текот на целиот живот. На самиот крај на сесијата, предавачот ќе ги сподели линковите каде што слушателите ќе можат да пријават проектни активности на оваа тема.

За предавачот:
Лила Каранфиловска е одделенски наставник и наставник ментор во ООУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани, Охрид. Зад неа се 16 години педагошко искуство во кои континуирано ги следи новите тенденции и развојни перспективи на образовниот процес. Главна цел на наставничката Каранфиловска, е-наставата да се одвива на интересен начин, а во тој процес учениците да стекнат применливо знаење. За таа намена, употребува различни ИКТ алатки со кои се обидува да ја поттикне креативноста кај учениците и истовремено да ја развива нивната дигиталната писменост. Каранфиловска ја има титулата Е-твининг амбасадор, таа е награден е-твинер, аниматор, автор на статии и обучувач.
