Водич за создавање наставни ресурси наменет за едукаторите од основните и средните училишта
Целта за изработка на овој водич е да ви даде вам, едукаторите, идеја, насока и поддршка во создавањето наставни ресурси поврзани со учеството на учениците во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, преку примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички. Водичот е наменет за едукатори во основно и средно образование.
Водичот е организиран во три теми:
- „Права на децата“,
- „Превенција и заштита од насилство“ и
- „Еднакви можности за сите ученички и ученици“.
Секоја тема започнува со „Активност за загревање“. Оваа активност е наменета за вас, едукаторите, при што, преку квиз со прашања, секој од вас може да ги провери сопствените познавања на темата. Но, секоја тема содржи и квиз со прашања за ученици кој можете да го користите како вовед во темите при работата со учениците. Овој водич содржи и Поимник во кој се наведени клучните поими значајни за секоја од темите со цел овие поими да се користат при создавањето различни наставни активности и ресурси.
Секако дека овој водич содржи и целосно обработени активности, со изработени ресурси за работа со учениците. Дополнителните идеи и ресурси претставуваат поддршка при интегрирање на темите од овој водич во рамките на секојдневната настава, особено за наставните предмети кои опфаќаат содржини од природните науки.
Со оглед на тоа дека рефлексијата е значајна по завршувањето на секој наставен час, овој водич содржи рубрики со индикатори за успешност. Преку табелите за самоевалуација за практикување на темите, секој од вас може да го определи своето ниво на познавање и практикување на содржините, но и да планира што треба да направи за да ги надополни своите професионални компетенции.
Изразите кои во овој водич се користат во граматички машки род се неутрални и се однесуваат на лицата и од машки и од женски род.
Оваа активност се имплементира од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.
Curriculum
- 1 Секција
- 1 Лекција
- Неограничен пристап
- Пристап до Водичот1
Нашата цел е да катализираме иновации за промена во регионот и пошироко. СмартАп работи на градење екосистеми кои поврзуваат различни актери со цел промовирање и развој на социјални иновации, градејќи одржливо општество од социјален, економски и аспект на животната средина.

Курсеви кои дополнително би ве интересирале
- 10/02/2023
- 118 Учесници
- 18/08/2023
- 44 Учесници
- 14/02/2024
- 972 Учесници
- 02/07/2024
- 621 Учесник