Примена на стекнатите знаења

ПЗН: Применети знаења

05/2026 2 лекции 1 задача Македонски

Овој дел е продолжение на дигиталниот курс „Превенција и заштита од насилство“ и е наменет за сите наставници и стручни соработници од проектните училишта кои учествуваат во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Со успешното завршување на курсот „Превенција и заштита од насилствo“, наставниците и стручните соработници имаат можност да се стекнат со втор Сертификат за применети знаења преку имплементација на практични активности во наставата.

Услови за добивање на сертификат:

  • По завршувањето на курсот, наставниците и стручните соработници ќе имаат задача да реализираат 1 активност, односно наставен час каде ќе се примени најмалку една тема во еден час која што се изучувала на овој курс. Повеќе детали за активностите се дадени во првата лекција на овој курс.
  • Првиот час треба да биде реализиран и поднесен за евалуација до 31 октомври 2025 година (продолжен рок до 28 ноември 2025, втор продолжен рок до 20 декември 2025, трет продолжен рок до 02 март 2026, четврт продолжен рок до 31.03.2026, петти продолжен рок до 01.06.2026).
  • Наставниците треба да поднесат извештај за реализиран час со примена на стекнатите знаења.

Евалуација и доделување на сертификат:

  • Член од нашиот тим ќе направи евалуација на поднесениот извештај и ќе ја потврди успешноста на имплементацијата. За секој одобрен извештај наставниците и стручните соработници ќе бидат известени по пат на електронска порака.
  • По одобрувањето на поднесениот извештај, потребно е да се кликне „Заврши го дигиталниот курс“ со цел генерирање на сертификатот.
  • Со успешното завршување на сите погоренаведени чекори, наставниците ќе се стекнат со Сертификат за применети знаења.

Овој сертификат е доказ за применети знаења и за придонесот кон подобрување на наставната пракса во училиштата.

Оваа активност се имплементира од страна на ​ СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. ​ Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“. ​

Курсеви кои дополнително би ве интересирале

Откријте ги функциите на четири клучни ИТ алатки кои ќе ви помогнат да ги зголемите вашите професионални вештини и продуктивност. Овој курс е специјално дизајниран за вработени во јавната администрација и нуди детални упатства и видео материјали. Во делот за...
  • 10/02/2023
  • 119
1.00 ден
Овој курс е дизајниран да ве научи на основните и напредните техники за успешно презентирање на вебинари. Составен е од пет модули, секој фокусирајќи се на клучни аспекти кои ќе ви помогнат да станете самоуверен и ефективен предавач. Модул 1:...
  • 18/08/2023
  • 49
1.00 ден
Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
  • 14/02/2024
  • 1100
Бесплатно
Овој дигитален курс е достапен и наменет за сите едукатори од основните и средните училишта во државата. Не е важно дали претходно сте побарале пристап – за да го започнете курсот, едноставно кликнете на копчето „Започни сега“. Во денешно време...
  • 02/07/2024
  • 873
Бесплатно