Примена на стекнатите знаења
ПЗН: Применети знаења
Овој дел е продолжение на дигиталниот курс „Превенција и заштита од насилство“ и е наменет за сите наставници од проектните училишта кои учествуваат во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Со успешното завршување на курсот „Превенција и заштита од насилствo“, наставниците имаат можност да се стекнат со втор Сертификат за применети знаења преку имплементација на практични активности во наставата.
Услови за добивање на сертификат:
- По завршувањето на курсот, наставниците ќе имаат задача да реализираат 1 активност, односно наставен час каде ќе се примени најмалку една тема во еден час која што се изучувала на овој курс. Повеќе детали за активностите се дадени во првата лекција на овој курс.
- Првиот час треба да биде реализиран и поднесен за евалуација до 15 мај 2025 година.
- Наставниците треба да поднесат извештај за реализиран час со примена на стекнатите знаења.
Евалуација и доделување на сертификат:
- Член од нашиот тим ќе направи евалуација на поднесениот извештај и ќе ја потврди успешноста на имплементацијата. За секој одобрен извештај наставниците ќе бидат известени по пат на електронска порака.
- По одобрувањето на поднесениот извештај, потребно е да се кликне „Заврши го дигиталниот курс“ со цел генерирање на сертификатот.
- Со успешното завршување на сите погоренаведени чекори, наставниците ќе се стекнат со Сертификат за применети знаења.
Овој сертификат е доказ за применети знаења и за придонесот кон подобрување на наставната пракса во училиштата.
Оваа активност се имплементира од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.
Curriculum
- 2 Секции
- 4 Лекции
- 22 недели
- Основни информации за активноститеОвој модул им дава насоки на учесниците за спроведување на активностите и ги води низ процесот на поднесување на активностите.2
- Поднесување извештај за реализиран часОвој модул им овозможува на наставниците да поднесат извештај за реализирани 3 часа.3

Курсеви кои дополнително би ве интересирале
- 10/02/2023
- 118 Учесници
- 18/08/2023
- 44 Учесници
- 14/02/2024
- 959 Учесници
- 02/07/2024
- 521 Учесник