Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (напредно ниво)
Овој дигитален курс моментално е достапен и наменет за едукаторите од проектните училишта вклучени во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Доколку вашето училиште е дел од проектот, по успешно уредување на вашиот профил, ве молиме контактирајте го проектниот координатор во вашето училиште за да ви биде одобрен пристап до курсот.
Дигиталниот курс ќе биде достапен за сите едукатори, откако ќе бидат успешно исполнети проектните цели.
Во време кога технологијата со забрзано темпо оди напред, важно е да бидеме во чекор со нејзинито развој и промена. Таа има значајна и неизбежна улога во нашето секојдневие, па така и во нашето образование. Токму за тоа, овој напреден дигитален курс „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава“ е дизајниран за наставниците кои веќе имаат основни познавања во областа на примената на дигиталните технологии во наставата и сакаат да ги унапредат своите вештини.
Овој курс е креиран за да ги поддржи и охрабри сите едукатори во користење на ИКТ алатките во секојдневното образование и да создадат интерактивна, иновативна и позитивна средина за учење. Курсот им нуди можност на едукаторите да се стекнат со знаење и вештини за ефективно да ги применат ИКТ алатките и да ја подобрат секојдневната настава и учење.
Крајна цел на дигиталниот курс „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (напредно ниво)“ е успешно да ги подготви едукаторите и да ги воведат напредните ИКТ алатки во своите училници, при што ќе ја зголемат мотивацијата на учениците и нивните академски компетенции за успешно справување во дигиталното општество.
- Модул 1: Интерактивна мултимедијална алатка за колаборативно учење – Padlet
Во овој модул, наставниците ќе се запознаат со алатката за споделување дигитални ресурси и колаборативно учење Padlet. Ќе се запознаат со основните карактеристики и функции достапни на алатката, како и со начините за креирање и организирање на табли, прикачување на слики, текстови, постери, презентации, видео и аудио записи во дигитална форма, како и со неколку клучни аспекти на колаборативното учење.
- Модул 2: Интерактивни мултимедијални алатки во наставата – Quizizz, Slides with Friends, и Genially
Овој модул опфаќа неколку алатки за креирање интерактивни презентации и квизови, комбинирање на различни типови на активности и мултимедијални елементи со цел да се зголеми учењето и ангажираноста кај учениците. Овие алатки исто така може да служат за презентирање на интерактивни содржини како презентации, интерактивни слики, инфографици, квизови,, па дури и како алатки за формативно и сумативно оценување.
- Модул 3: Интерактивна мултимедијална алатка со диференциран пристап во учењето – Nearpod
Во овој модул ќе се запознаеме со алатката Nearpod и ќе разгледаме како со нејзино користење да креираме интерактивни активности, мултимедијални презентации и виртуелни тури, како и колаборативно учење со диференциран пристап. Преку комбинирање на различни типови на активности и мултимедијални елементи, да ја зголемиме мотивацијата и учеството на учениците.
- Модул 4: Визуелизација и креирање дигитални приказни со Canva и Book Creator
Во овој модул ги истажуваме алатките Canva и Book Creator за подобра визуелизација на нашите наставни активности. Ќе научиме како да креираме визуелни приказни, интерактивни постери, инфографици, стрипови и како да креираме и уредуваме видеа во Canva, со помош на текст, музика, и анимации. Ќе разгледаме и како креираме дигитални книги, додаваме и уредуваме содржина, видео и аудио записи во Book Creator.
- Модул 5: Интеграција на вештачката интелигенција во наставата
Овој модул се фокусира на тоа како вештачката интелигенција може да ни помогне во нашата наставна практика, во креирање на персонализирани и интерактивни наставни материјали, и како да да извлечеме најдобри резултати и со тоа да го подобриме образовниот процес.
Оваа активност се имплементира од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.
Curriculum
- 6 Секции
- 21 Лекција
- Неограничен пристап
- Вовед во курсот и упатство за користење на платформата5
- Модул 1: Интерактивна мултимедијална алатка за колаборативно учење – PadletВо овој модул, наставниците ќе се запознаат со алатката за споделување дигитални ресурси и колаборативно учење Padlet. Ќе се запознаат со основните карактеристики и функции достапни на алатката, како и со начините за креирање и организирање на табли, прикачување на слики, текстови, постери, презентации, видео и аудио записи во дигитална форма, како и со неколку клучни аспекти на колаборативното учење.3
- Модул 2: Интерактивни мултимедијални алатки во наставата – Quizizz, Slides with Friends, GeniallyОвој модул опфаќа неколку алатки за креирање интерактивни презентации и квизови, комбинирање на различни типови на активности и мултимедијални елементи со цел да се зголеми учењето и ангажираноста кај учениците. Овие алатки исто така може да служат за презентирање на интерактивни содржини како презентации, интерактивни слики, инфографици, квизови,, па дури и како алатки за формативно и сумативно оценување.5
- 3.0Креирање интерактивни презентации и квизови со Quizizz (прв дел)24 минути
- 3.1Креирање интерактивни презентации и квизови со Quizizz (втор дел)20 минути
- 3.2Креирање интерактивни презентации со Slides with Friends24 минути
- 3.3Креирање интерактивни презентации со Genially24 минути
- 3.4Квиз – Модул 2 – ИКТ алатки (напредно ниво)40 минути15 Прашања
- Модул 3: Интерактивна мултимедијална алатка со диференциран пристап во учењето – NearpodВо овој модул ќе се запознаеме со алатката Nearpod и ќе разгледаме како со нејзино користење да креираме интерактивни активности, мултимедијални презентации и виртуелни тури, како и колаборативно учење со диференциран пристап. Преку комбинирање на различни типови на активности и мултимедијални елементи, да ја зголемиме мотивацијата и учеството на учениците.3
- Модул 4: Визуелизација и креирање дигитални приказни со Canva и Book CreatorВо овој модул ги истажуваме алатките Canva и Book Creator за подобра визуелизација на нашите наставни активности. Ќе научиме како да креираме визуелни приказни, интерактивни постери, инфографици, стрипови и како да креираме и уредуваме видеа во Canva, со помош на текст, музика, и анимации. Ќе разгледаме и како креираме дигитални книги, додаваме и уредуваме содржина, видео и аудио записи во Book Creator.5
- Модул 5: Интеграција на вештачката интелигенција во наставатаОвој модул се фокусира на тоа како вештачката интелигенција може да ни помогне во нашата наставна практика, во креирање на персонализирани и интерактивни наставни материјали, и како да да извлечеме најдобри резултати и со тоа да го подобриме образовниот процес.5
Нашата цел е да катализираме иновации за промена во регионот и пошироко. СмартАп работи на градење екосистеми кои поврзуваат различни актери со цел промовирање и развој на социјални иновации, градејќи одржливо општество од социјален, економски и аспект на животната средина.
Курсеви кои дополнително би ве интересирале
- 10/02/2023
- 118 Учесници
- 18/08/2023
- 44 Учесници
- 14/02/2024
- 959 Учесници
- 02/07/2024
- 521 Учесник