Превенција и заштита од насилство
Овој дигитален курс моментално е достапен и наменет за едукаторите од проектните училишта вклучени во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Доколку вашето училиште е дел од проектот, по успешно уредување на вашиот профил, ве молиме контактирајте го проектниот координатор во вашето училиште за да ви биде одобрен пристап до курсот.
Дигиталниот курс ќе биде достапен за сите едукатори, откако ќе бидат успешно исполнети проектните цели.
Современото опкружување се соочува со многубројни предизвици поврзани со насилството, кои засегаат различни аспекти на животот на луѓето, вклучувајќи ги физичката и емоционалната состојба. Насилството не само што може да предизвика големи последици кај личностите кои се негови жртви, туку може да има негативни последици врз средината во целост. Образованието и свесноста на луѓето за насилството има важна улога во намалувањето на негативните последици и во промовирањето на ненасилство, толеранција и почит.
Токму затоа овој дигитален курс за „Превенција и заштита од насилство“ е дизајниран за едукаторите да ги зајакнат своите компетенции во однос на градење на безбедна и поддржувачка училишна средина.
Преку понудените содржини, овој дигитален курс има за цел да ги посочи различните видови насилство, нивните причини и последици, како и да упати кон практични стратегии и вештини за превенција и заштита.
- Модул 1: Разбирање и препознавање на различни видови насилство
Овој модул има за цел да ги претстави различните форми и видови насилство, да ја подигне свеста за нивните последици, како и да понуди стратегии и вештини за едукација и спречување на различните видови насилство. - Модул 2: Причини и превенција од насилство
Вториот модул има за цел да помогне во подобро разбирање на причините и факторите за насилство, како културните и психолошките фактори влијаат на тоа и како ефикасно да се спречи насилство вклучувајќи го и мултидисциплинарниот пристап во справувањето и превенцијата на насилството. - Модул 3: Последици од насилството врз учениците и врз образовната средина
Содржините од овој модул се насочени кон физичките и емоционални последици кај жртвите кои се изложени на насилство и како самото насилство влијае на училишниот успех и на животот на учениците. - Модул 4: Пријавување и реагирање на случаи на насилство
Во четвртиот модул се опфатени содржини кои ја посочуваат важноста од раното детектирање на насилството, начините на кои се пријавува насилството и процедурите што треба да се следат со цел да се обезбеди безбедна училишна средина за сите ученици и ученички. - Модул 5: Поддршка и интервенции
Петтиот и последен модул се фокусира на поддршката и интервенциите во контекст на случаите на насилство, со особен акцент на самодовербата. Преку лекциите се презентираат практични стратегии и техники за обезбедување поддршка за жртвите на насилство, различните видови интервенции за решавање конфликтни ситуации и начините за детектирање можни и повторливи случаи на насилство.
Со континуирани напори за превенција и заштита од насилство во училиштата, градиме побезбедно опкружување за сите!
Оваа активност се имплементира од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.
Curriculum
- 6 Секции
- 27 Лекции
- Неограничен пристап
- Вовед во курсот и упатство за користење на платформата5
- Модул 1: Разбирање и препознавање на различни видови насилствоОвој модул има за цел да ги претстави различните форми и видови насилство, да ја подигне свеста за нивните последици, како и да понуди стратегии и вештини за едукација и спречување на различните видови насилство.8
- 2.1Разбирање и препознавање на различни видови насилство14 минути
- 2.2Физичко, психичко и емоционално насилство14 минути
- 2.3Студија на случај: Емоционално насилство5 минути
- 2.4Социјално и сексуално насилство14 минути
- 2.5Врсничко насилство (булинг)7 минути
- 2.6Студија на случај: Врсничко насилство1 минута
- 2.7Кибернасилство и насилство мотивирано од омраза или предрасуди11 минути
- 2.9Квиз – ПЗН – М130 минути15 Прашања
- Модул 2: Причини и превенција од насилствоВториот модул има за цел да помогне во подобро разбирање на причините и факторите за насилство, како културните и психолошките фактори влијаат на тоа и како ефикасно да се спречи насилство вклучувајќи го и мултидисциплинарниот пристап во справувањето и превенцијата на насилството.6
- Модул 3: Последици од насилството врз учениците и врз образовната срединаСодржините од овој модул се насочени кон физичките и емоционални последици кај жртвите кои се изложени на насилство и како самото насилство влијае на училишниот успех и на животот на учениците.4
- Модул 4: Пријавување и реагирање на случаи на насилствоВо четвртиот модул се опфатени содржини кои ја посочуваат важноста од раното детектирање на насилството, начините на кои се пријавува насилството и процедурите што треба да се следат со цел да се обезбеди безбедна училишна средина за сите ученици и ученички.4
- Модул 5: Поддршка и интервенцииПеттиот и последен модул се фокусира на поддршката и интервенциите во контекст на случаите на насилство, со особен акцент на самодовербата. Преку лекциите се презентираат практични стратегии и техники за обезбедување поддршка за жртвите на насилство, различните видови интервенции за решавање конфликтни ситуации и начините за детектирање можни и повторливи случаи на насилство.5
Нашата цел е да катализираме иновации за промена во регионот и пошироко. СмартАп работи на градење екосистеми кои поврзуваат различни актери со цел промовирање и развој на социјални иновации, градејќи одржливо општество од социјален, економски и аспект на животната средина.
Курсеви кои дополнително би ве интересирале
- 10/02/2023
- 118 Учесници
- 18/08/2023
- 44 Учесници
- 14/02/2024
- 959 Учесници
- 02/07/2024
- 521 Учесник