Примена на стекнатите знаења
Применети знаења – ИКТ: Основно ниво
Овој дел е продолжение на дигиталниот курс „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (основно ниво)“ и е наменет за сите наставници од проектните училишта кои учествуваат во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Со успешното завршување на курсот „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (основно ниво)“, наставниците имаат можност да се стекнат со втор Сертификат за применети знаења преку имплементација на практични активности во наставата.
Услови за добивање на сертификат:
- По завршувањето на курсот, наставниците ќе имаат задача да реализираат 3 активности, односно наставни часа каде ќе се примени најмалку една ИКТ алатка во еден час која што се изучувала на овој курс. Повеќе детали за активностите се дадени во првата лекција на овој курс.
- Првиот час треба да биде реализиран и поднесен за евалуација до 10 октомври 2025 година (продолжен рок до 21 ноември 2025, втор продолжен рок до 10 декември 2025, трет продолжен рок до 16 февруари 2026, четврт продолжен рок до 20.03.2026, петти продолжен рок до 22.05.2026).
- Вториот и третиот час треба да бидат реализирани и поднесени најдоцна до 31 октомври 2025 година (продолжен рок до 12 декември 2025, втор продолжен рок до 20 декември 2025, трет продолжен рок до 02 март 2026, четврт продолжен рок до 31.03.2026, петти продолжен рок до 01.06.2026).
- Наставниците треба да поднесат извештај за реализиран час со примена на стекнатите знаења и извештај за следење на час за секој час одделно.
Евалуација и доделување на сертификат:
- Член од нашиот тим ќе направи евалуација на поднесените извештаи и ќе ја потврди успешноста на имплементацијата. За секој одобрен извештај наставниците ќе бидат известени по пат на електронска порака.
- По одобрувањето на поднесените извештаи од третиот час, потребно е да се кликне „Заврши го дигиталниот курс“ со цел генерирање на сертификатот.
- Со успешното завршување на сите погоренаведени чекори, наставниците ќе се стекнат со Сертификат за применети знаења.
Овој сертификат е доказ за применети знаења и за придонесот кон подобрување на наставната пракса во училиштата.
Оваа активност се имплементира од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.
- 2 Секции
- 4 Лекции
- Неограничен пристап
- Основни информации за активноститеОвој модул им дава насоки на учесниците за спроведување на активностите и ги води низ процесот на поднесување на активностите.2
- Поднесување извештај за реализиран часОвој модул им овозможува на наставниците да поднесат извештај за реализирани 3 часа.5

Курсеви кои дополнително би ве интересирале
- 10/02/2023
- 119
- 18/08/2023
- 49
- 14/02/2024
- 1099
- 02/07/2024
- 871 Учесник