Лава за еднакви права

Тема

Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички

Предизвик

Како би можеле да ги потикнаме учениците и ученичките заедно да учествуваат во училишни активности со цел да се зголеми довербата меѓу учениците и ученичките?

За активноста

Форми на работа

Работа во групи

Време на реализација

40 минути

Возраст

Ученици од I, II и III година

Локација

Училница, ходник, аула, фискултурна сала, училишен двор

Потребни материјали

  • Креда,
  • Картони, црвена и зелена боја (темпера) или хартија во црвена и зелена боја

Цели

  • Поттикнување тимска работа кај учениците и ученичките преку поделба на обврските врз основа на способностите, со цел да се постигнат подобри успеси.
  • Запознавање на учениците со основните права врз основа на нивната улога во општеството.

Очекувани резултати

  • Учениците се почитуваат врз основа на компетенциите, вештините и знаењата, а не врз основа на нивната улога во општеството.
  • Учениците заеднички работат за да ја постигнат истата цел.
Чекори
  • Чекор 1 (подготовка)

    Обезбедување простор

    Избор на простор кој ќе биде приспособен на временските услови, како и на бројот на учесници – се препорачуваат 3 групи од по 10 ученици при што во секоја група има ученици и ученички. Во рамките на секоја група треба да се формира тим за подршка кој треба да ги одговара прашањата поставени од страна на модераторот. 

    Подготовка на содржините

    • Изработка на  правилник од страна на училишниот тим составен од ученици и наставници (Прилог 1)
    • Изработка на 13 прашања со одговори со „ДА/НЕ“, заедно со објаснување за секој одговор, поврзани со различните права на учениците и ученичките. Прашањата ги составува наставник по социологија или стручен соработник на темата „еднакви права за сите ученици и ученички“ општо, но и прашања од секојдневниот живот на учениците. (Прилог 2)

    Подготовка на организаторите и учесниците

    • Училишниот тим  ги информираат учесниците за правилата на играта и се формираат тимовите
    • Од училишниот тим се избира ученик кој ќе ја има улогата на модератор во активноста. Модераторот треба да ги прочита правилата на активноста, да следи дали учесниците ги почитуваат правилата и да ги поставува прашањата, да ги дава одговорите и објаснувањата на одговорите.
    • Се обезбедуваат 2 наставника (по можност наставник по физичко образование и по социологија, како интегриран час, или пак стручни соработници како дел од ученичкиот парламент) како надгледувачи на активноста.

    Подготовка на дополнителни ресурси

    • Училишниот тим изготвува 3 банери во црвена боја и 3 банери во зелена боја за тимот за поддршка.  
    • Потоа се подготвуваат 12 картони со димензии 60 см x 60 см за тимовите што се натпреваруваат на теренот.

    Подготовка на просторот

    • Училишниот тим ги црта појдовна точка и крајна цел, линиите и ги обележува местата на тимовите за поддршка.
  • Чекор 2 (реализација)

    Припреми

    • Тимовите се распоредуваат на соодветните места – тимот за поддршка на означените места а тимот за натпреварување на стартната линија
    • Модераторот го започнува настанот така што ги чита претходно утврдените правилата за учество во активноста.
    • Секој тим добива 10 минути да развие стратегија како ќе ја изиграат играта со цел побрзо да стигнат до целта.

    Започнување со играта

    • Модераторот означува крај на времето за подготовка и го чита првото прашање
    • Тимовите за поддршка размислуваат за одговорот и на знакот на модераторот креваат еден банер односно црвен за одговор не и зелен за одговор да.
    • Модераторот го чита точниот одговор и објаснувањето и им дава знак на тимовите за натпреварување да го направат првиот чекор
    • Сите тимови ги почитуваат правилата и ја играат играта се додека има прашања или пак додека сите пристигнат до целта.
    • Наставниците ја надгледуваат активноста и доколку е потребно интервенираат

Училиште

ОСТУ„Наце Буѓони“, Куманово

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Ива Крстевска
  2. Тамара Петковска
  3. Анида Етеми
  4. Ќерим Ќерими
  5. Алмедин Бајрами
  6. Блина Саити
  7. Ќендреса Мустафи
  8. Мајлинда Куртиши
  9. Ведие Сулејмани
  10. Емилија Јакимовска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.