Безбедни на Мрежата: Виртуелен Штит
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Сценарио (Прилог 1).
- Озвучување, реквизити.
- Квиз со прашања (Прилог 2).
- Прашања за дискусија (Прилог 3)

Цели
- Да се подигне свеста за намалување на врсничкото и кибернасилството.
- Да се поттикне критичко размислување за личната безбедност во онлајн просторот.
- Да се подобри комуникацијата и соработката меѓу учениците преку тимска работа и дискусија.
Очекувани резултати
- Зголемена свест за последиците од врсничкото и кибернасилството.
- Поттикната позитивна комуникација меѓу учениците.
- Стекнати вештини за препознавање кибернасилството и начини за заштита.

Формирање тимови
Тим за пишување сценарио
- Ученици кои го пишуваат сценариото врз основа на свои искуства или примери за кибернасилство.
Тим за драматизација
- Ученици кои ја драматизираат сцената напишана од тимот за сценарио. Ги учат текстовите и ја вежбаат драматизацијата.
Тим за квиз
- Ученици кои ги подготвуваат прашањата за квиз поврзани со кибернасилството. Квизот може да биде дигитален, преку платформи како Kahoot. Воедно, со поддршка на наставник или стручен соработник, ги подготвуваат прашањата за дискусија.
Тим за организација и логистика
- Тимот е одговорен за координација, информирање на другите ученици и подготвување материјали.
Организација и известување
- Тимот за организација го определува времето и местото за драматизацијата. Се испраќаат покани до другите ученици.
Изведба на драматизација
- Тимот за драматизација ја изведува претставата пред околу 30 ученици во аулата на училиштето. Претставата ги опфаќа темите за анонимно претставување и кибернасилство, прикажувајќи реални сценарија.
Квиз и дискусија
- По претставата, тимот за квиз ги повикува учениците да учествуваат во квиз. Учениците може да се поделат во тимови и да го решаваат квизот преку врска поставена на Kahoot или слична платформа. По завршувањето на квизот, одреден ученик води дискусија за кибернасилството преку однапред подготвените прашања.

Училиште
Ментор
- Александра Блажевска
- Ана Попризова
- Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Огнен Коцевски
- Јован Стојчевски
- Ива Камова
- Мелани Грујовска
- Теона Ангеловска
- Фросина Поп Ѓорѓиева
- Донка Митева
- Елена Малческа





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.