Прегледи: 84
Чекор по чекор до мир
Тема
Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки
Предизвик
Како би можеле да ги мотивираме учениците да пријавуваат врсничко насилство, а со цел да креираме безбедна училишна средина?
За активноста
Форми на работа
Групна работа, кооперативна игра, дискусија и рефлексија
Време на реализација
2 часа
Возраст
ученици од I до IV година
Локација
Спортска сала/ Поголема училница / Училиштен двор
Потребни материјали
- Голема коцка (може и од играта „Не лути се човече“)
- Маркери (различни бои)
- Хартиен селотејп
- Коверти (30)
- Листови со прашања/активности/факти (30)
- Упатство за игра
- Прилози за тимска поделба и евалуација

Цели
- Да се препознаат различните форми на насилство (физичко, вербално, дигитално и психолошко).
- Да се поттикне емпатија, грижа за другите и активно слушање.
- Да се зајакне тимската соработка преку заедничко решавање предизвици.
- Да се создаде безбедна средина каде што учениците се чувствуваат поттикнати да зборуваат.
- Да се поттикне култура на пријавување и поддршка, наместо молчење при насилство.
Очекувани резултати
- Подобра комуникација меѓу учениците
- Подигната свест за неприфатливо однесување
- Подобрени вештини за решавање конфликти
- Зголемено чувство на припадност и поддршка во група
- Учениците ќе знаат конкретни чекори каде и кому да пријават насилство во училиштето.
- Зголемена доверба во врсниците и во стручната служба.

Чекори
- Подготовка
- Се добива согласност од директорот за спроведување на активноста.
- Се формира работна група од еден клас и наставник-координатор.
- Се избира соодветно место и се обезбедуваат материјали.
- Со селотејп се создава патека во форма на змија со 30 полиња.
- Секое поле се обележува и нумерира и на него се прикачува коверт со задача (Прилог 2).
- Се изготвуваат и печатат Правила на играта (Прилог 1) и содржини за полињата (Прилог 2).
- Се прави тест на патеката за безбедноста и функционалноста.
- Учениците се известуваат за датумот, за времето и за правилата на учество (Прилог 3).
- Се подготвуваат информативни таблички и рефлективни прашања (Прилог 4).
- Членовите на училишниот тим се подготвуваат за модерација на дискусиите.
- Реализација
- Наставникот или училишниот тим започнува со воведна дискусија за целта на активноста.
- Учениците се делат во 4 тима, се објаснува редоследот на играње.
- Секој тим фрла коцка и се движи по патеката.
- Кога ќе застанат на поле, ученик или модератор чита ситуација/факт/прашање и следува кратка дискусија.
- Се коментира за:
- Препознавање насилство
- Реакции на сведоци
- Кому да се обратиш за помош
- Учениците покажуваат емпатија, креативност и тимска соработка.
- Активноста завршува со рефлексија: што научиле, што ги изненадило, што би промениле.
- Наставникот или ученичкиот тим поставува прашања за размислување (Прилог 4).
- Сумирање на сите пораки и препораки од дискусиите во еден постер „Нашите чекори до мир“ и негово изложување во училишниот хол.
Прилози
- Прилог 1 - Чекор по чекор до мир (МК)
- Прилог 2 - Чекор по чекор до мир (МК)
- Прилог 3 - Чекор по чекор до мир (МК)
- Прилог 4 - Чекор по чекор до мир (МК)
- Прилог 1 - Чекор по чекор до мир (АЛБ)
- Прилог 2 - Чекор по чекор до мир (АЛБ)
- Прилог 3 - Чекор по чекор до мир (АЛБ)
- Прилог 4 - Чекор по чекор до мир (АЛБ)

Училиште
СОУ „Коле Неделковски“ – Велес
Ментор
Никола Делевски
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Никола Бабунски
- Виолета Влахчева
- Драгана Илиевска
- Сара Димовска
- Дарко Жабев
- Бобан Жежов
- Јован Тикваров





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.