Прегледи: 110
Ѕидна порака – од негативно кон позитивно
Тема
Превенција и заштита од насилство
Предизвик
Како би можеле да го намалиме вербалното насилство меѓу учениците, а со цел подобрување на комуникацијата помеѓу нив.
За активноста
Форми на работа
Индивидуална анонимна работа, групна дискусија, модерирана работилница
Време на реализација
1 седмица
Возраст
Ученици од VI до IX одделение
Локација
Училишно безбедно катче
Потребни материјали
- Табла
- Лепливи листови во две бои
- Маркери, фломастери, боички
- Коверти за анонимни пораки
- Постер со насоки за учество

Цели
- Подигнување свест за вербално насилство
- Трансформација на негативни пораки во позитивни
- Поттикнување емпатија
- Подобрување на училишната атмосфера
Очекувани резултати
- Намалено вербално насилство
- Подобрени меѓучовечки односи
- Развиена емпатична комуникација
- Зголемена свест за важноста на зборовите

Чекори
- Подготовка
- Изработка на централен постер со мотото „Ѕид на пријателството и почитувањето“
- Подготовка на шаблони (срца, цветови, облачиња) за пораките
- Изработка на декорации:
- Шарени хартиени венчиња, машнички, симболи на добрина
- Цртежи и илустрации со позитивни пораки
- Картонски рамки за уредување на таблата
- Подготовка на мотивациски пораки и цитати (рачно напишани или отпечатени
- Реализација
Активност: „Моќта на зборовите“ (Прилог 1)
- Секој ученик запишува една негативна порака што некогаш ја чул или му била упатена
- Учениците добиваат работен лист (Прилог 2) со примери како да се трансформираат таквите пораки
- Групно се споделуваат позитивните верзии на пораките
- Сите позитивни пораки се поставуваат на Ѕидот на пријателството
- Учениците и наставниците заедно дискутираат како можат позитивните зборови да станат дел од секојдневната култура во училиштето.

Училиште
ООУ „Гоце Делчев“ – Могила
Ментор
Александра Блажевска
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Лилјана Костовска
- Јасна Ѓоргиевска
- Зорица Диневска
- Марија Зацеска
- Наташа Бошковска
- Ивана Нојкова Наумовска
- Јована Јаневска
- Марко Мрмачоски
- Јана Шурбеска
- Лана Лулеска
- Марио Марковски
- Павел Николовски
- Ангел Секирски
- Александар Андреевски
- Сара Каревска
- Тамара Ристевска
- Андријана Велевска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.