Системски пристапи кон справување со насилство и зголемено ученичко учество

Видео МКД

 

Вебинарот е наменет за директорите на средните училишта и за претставниците од општините. Неговата цел е да им понуди сеопфатно разбирање на законските обврски поврзани со постапување во случаи на насилство во училиште, како и на формите на ученичко учество.

Учесниците ќе се запознаат и со практични стратегии за ефективно спроведување на овие обврски во рамките на своите образовни институции и општини.

Ќе направиме преглед на законските одредби кои го регулираат ученичкото учество и организирање, со осврт на правната рамка и обврските на средните училишта во овој процес. Дополнително, учесниците ќе се запознаат и со деталите од правната рамка за заштита на учениците, со особен фокус на препораките и обврските утврдени во Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување.

Предавачот ќе ги запознае учесниците со позитивни примери од праксата на заштита на учениците и ефективни модели на ученичко учество и партиципација во средното образование.

За предавачот:

Ана Попризова е психолог со триесетгодишно искуство во улога на наставник и училиштен психолог, истражувач и Гешталт терапевт. Претедател е на Активот на стручни соработници на средните училишта на Град Скопје. Активно работи на полето на ментално здравје и е обучувач на различни теми од областа на образованието. Има богато искуство како практичар во обезбедување на психосоцијална поддршка на ученици и родители. Верува дека заедничката соработка помеѓу училиштето, родителите и заедницата се рецепт за градење на здрава, активна и одговорна младина.

Оваа активност се имплементира од страна на Смарт АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска aмбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација Песталоци.

Сподели:

Категории

    Целта за изработка на овој водич е да ви даде вам, едукаторите, идеја, насока и поддршка во создавањето наставни ресурси поврзани со учеството на учениците во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, преку примена на наставни методи и...
    • 29/05/2025
    • 231 Учесник
    Бесплатно
    Во време кога технологијата со забрзано темпо оди напред, важно е да бидеме во чекор со нејзинито развој и промена. Таа има значајна и неизбежна улога во нашето секојдневие, па така и во нашето образование. Токму за тоа, овој напреден...
    • 27/09/2024
    • 752
    Бесплатно
    Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
    • 14/02/2024
    • 1099
    Бесплатно

Новости кои дополнително би ве интересирале

Видео МКД https://www.youtube.com/live/rhhAFK27jKE Вебинарот е наменет за наставници и стручни соработници од средни училишта. Програмските содржини на овој вебинар ќе...
Видео МКД   Овој вебинар е наменет за сите наставници и стручни соработници од основните и средните училишта кои се заинтересирани...
Видео МКД https://www.youtube.com/live/KKgG0vDdDLQ Вебинарот е наменет за наставници и стручни соработници од основни училишта. Вебинарот ќе им овозможи на учесниците да...