Креирање на интерактивни ресурси за хибридна и асинхрона настава за предучилишно и основно образование

Видео МКД

Овој вебинар е наменет за наставници од основните училишта, како и за воспитувачи на деца од предучилишна возраст кои веќе имаат одредено искуство во користење на дигитални алатки во наставата (средно ниво). На почетокот слушателите ќе се запознаат со хибридното и комбинираното учење како дел од е-учењето, кои се нивните сличости, разлики, ограничувања и предности. На предавањето ќе бидат потенцирани трендови на ваквиот вид настава кај нас и во светот. Во вториот, практичен дел, ќе бидат презентирани четири конкретни фигитални (доаѓа од Phygital (Physical and Digital)) алатки за креирање на интерактивни содржини H5P, Mathigon, Geogebra и Nearpod, како и веќе креирани интерактивни содржини со нив. Исто така ќе бидат презентирани и насоки во кој вид настава и како да се користат посочените помошни наставни компоненти. Најзначајната придобивка од посетата на овој ЕДУИНО-вебинар е тоа што учесниците ќе се запознаат со карактеристиките, предностите и недостатоците на хибридната и на комбинираната настава, потоа ќе стекнат увид во сличностите и разликите помеѓу синхроната и асинхроната настава, а воедно, ќе имаат увид во предностите и недостатоците на секој од различните видови учење. Исто така, ќе бидат во можност да одберат каков вид на учење е најсоодветно да применат во дадениот момент и каков вид ресурси да применат во наставата.

За предавачот:

Игор Богданоски е наставник по математика, наставник ментор, Microsoft Innovative Educator Expert, Microsoft Innovative Educator Master Trainer, Scientix амбасадор за Република Северна Македонија, Moodle и Office 365 администратор, како и национален обучувач за Националната платформа за учење на далечина.

Сподели:

Категории

    Целта за изработка на овој водич е да ви даде вам, едукаторите, идеја, насока и поддршка во создавањето наставни ресурси поврзани со учеството на учениците во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, преку примена на наставни методи и...
    • 29/05/2025
    • 231 Учесник
    Бесплатно
    Во време кога технологијата со забрзано темпо оди напред, важно е да бидеме во чекор со нејзинито развој и промена. Таа има значајна и неизбежна улога во нашето секојдневие, па така и во нашето образование. Токму за тоа, овој напреден...
    • 27/09/2024
    • 752
    Бесплатно
    Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
    • 14/02/2024
    • 1099
    Бесплатно

Новости кои дополнително би ве интересирале

Оваа активност е објавена како Отворен образовен ресурс (OER) и не се користи во комерцијални цели. Сите права припаѓаат на...
Оваа активност е објавена како Отворен образовен ресурс (OER) и не се користи во комерцијални цели. Сите права припаѓаат на...
Оваа активност е објавена како Отворен образовен ресурс (OER) и не се користи во комерцијални цели. Сите права припаѓаат на...