Прегледи: 407
И двајцата сме ,,победници’’
Тема
Превенција и заштита од насилство
Предизвик
Како би можеле да го подобриме начинот на кој учениците реагираат во вербална конфликтна ситуација со цел нејзино мирно разрешување?
За активноста
Форми на работа
Работа во група
Време на реализација
60 минути
Возраст
Ученици од I до IV година
Локација
Тивка и безбедна просторија во училиштето
Потребни материјали
- Хартија
- Табла
- Фломастери

Цели
- Конструктивно решавање конфликт.
- Усвојување вештини за преговарање.
Очекувани резултати
- Развиена ненасилна комуникација помеѓу учениците.
- Вреднување и уважување на туѓото мислење.

Чекори
- Подготовка
- Наставникот разговара со учениците за точно дефинирање на термин и време за спроведување активност.
- Определување медијатор кој ќе ја води и насочува активноста. Во вакви ситуации се препорачува медијаторот да биде од редот на наставниот кадар заради искуството или посебно обучен ученик за техники за разрешување конфликти.
- Медијаторот дава насоки учениците да размислат за една вербална конфликтна ситуација во која се нашле или биле сведоци за нејзино случување.
- Учениците изработуваат примери на реални сценарија за вербален конфликт (Прилог 1)
- Наставникот избира и обезбедува просторија во која учениците ќе можат слободно да ја претстават вербалната конфликтна ситуација.
- Наставникот заедно со учениците ги подготвуваат кодексот на однесување (Прилог 2)
- Наставникот го објавува кодексот на однесување на видно место каде што сите ученици ќе можат да го читаат.
- Реализација
- Учениците и медијаторот се состануваат во договорениот термин.
- Учениците одбираат сценарио на вербална конфликтна ситуација со мнозинство гласови.
- Ако не успеат да одберат, тогаш медијаторот прави избор.
- Се прави избор кои ученици ќе ја демонстрираат ситуацијата.
- Медијаторот ја споделува избраната вербална конфликтна ситуација (Прилог 1) со учесниците.
- Медијаторот јасно потенцира дека сето ова е глума и дека не треба никој да се почувствува навреден или лично засегнат.
- Учениците ја демонстрираат вербална конфликтна ситуација.
- Медијаторот ја надгледува работата на групата ученици кои ја демонстрираат вербалната конфликтна ситуација.
- Медијаторот по завршување на демонстрацијата на вербалната конфликтна ситуација ја открива причината за истата и дава јасна дефиниција на конфликтот преку соодветни прашања (на пр., За што се расправате?; Зошто и како се појавува овој проблем?)
- Медијаторот ги дели учениците во 2 групи.
- Секоја група подготвува ставови и предлози за решавање на конфликтот, започнувајќи со „Сметам дека треба да биде вака бидејќи…”.
- Секоја група ги споделува своите ставови и предлози за решавање на конфликтот.
- Учениците можат да изберат опција во која сите учесници во конфликтот ќе излезат како победници преку употреба на реченицата „Ќе се обидеме на твојот начин денес, а утре на мојот, па ќе видиме кој начин е подобар”, „Кој начин на разрешување е правичен и прифатлив за двете страни?“ и сл.

Училиште
СОУ„Браќа Миладиновци“, Скопје
Ментор
Никола Делевски
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Марија Тренчевска
- Мирјана Алексовска
- Сара Соколовска
- Елмир Мехмедов
- Стефан Мартиновски
- Наташа Младеновска Тошевска
- Никола Попов
- Валентина Великова





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.