Примена на стекнатите знаења
Применети знаења – ИКТ: Основно ниво
Овој дел е продолжение на дигиталниот курс „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (основно ниво)“ и е наменет за сите наставници од проектните училишта кои учествуваат во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Со успешното завршување на курсот „Примена на ИКТ алатките во секојдневната настава (основно ниво)“, наставниците имаат можност да се стекнат со втор Сертификат за применети знаења преку имплементација на практични активности во наставата.
Услови за добивање на сертификат:
- По завршувањето на курсот, наставниците ќе имаат задача да реализираат 3 активности, односно наставни часа каде ќе се примени најмалку една ИКТ алатка во еден час која што се изучувала на овој курс. Повеќе детали за активностите се дадени во првата лекција на овој курс.
- Првиот час треба да биде реализиран и поднесен за евалуација до 28 февруари 2025 година. (Рокот е продолжен до 02.05.2025 година, Второ продолжување на рокот до 16.05.2025 година)
- Вториот и третиот час треба да бидат реализирани и поднесени најдоцна до 15 април 2025 година. (Рокот е продолжен до 02.05.2025 година, Второ продолжување на рокот до 16.05.2025 година)
- Наставниците треба да поднесат извештај за реализиран час со примена на стекнатите знаења и извештај за следење на час за секој час одделно.
Евалуација и доделување на сертификат:
- Член од нашиот тим ќе направи евалуација на поднесените извештаи и ќе ја потврди успешноста на имплементацијата. За секој одобрен извештај наставниците ќе бидат известени по пат на електронска порака.
- По одобрувањето на поднесените извештаи од третиот час, потребно е да се кликне „Заврши го дигиталниот курс“ со цел генерирање на сертификатот.
- Со успешното завршување на сите погоренаведени чекори, наставниците ќе се стекнат со Сертификат за применети знаења.
Овој сертификат е доказ за применети знаења и за придонесот кон подобрување на наставната пракса во училиштата.
Оваа активност се имплементира од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.
Curriculum
- 2 Секции
- 4 Лекции
- 37 недели
- Основни информации за активноститеОвој модул им дава насоки на учесниците за спроведување на активностите и ги води низ процесот на поднесување на активностите.2
- Поднесување извештај за реализиран часОвој модул им овозможува на наставниците да поднесат извештај за реализирани 3 часа.5

Курсеви кои дополнително би ве интересирале
- 10/02/2023
- 118 Учесници
- 18/08/2023
- 44 Учесници
- 14/02/2024
- 959 Учесници
- 02/07/2024
- 521 Учесник