Почитувани наставници и стручни соработници,
Со големо задоволство би сакале да ви го претставиме новиот ЕдуЛаб вебинар на тема „Законски обврски, стратегии и примери на добри пракси за заштита и учество на учениците“, спореведен од страна на СмартАп – лабораторија за социјални иновации.
Овој вебинар ќе се одржи во среда, 11 декември со почеток од 18:00 часот на платформата Zoom и YouTube.
Вебинарот е наменет за наставници и стручни соработници од основни училишта. Вебинарот ќе им овозможи на учесниците да ја разберат важноста на ученичкото учество и неговата улога во превенцијата на насилство. Воедно учесниците ќе се запознаат со практични стратегии за имплементирање на законските одредби и како да создадат поддржувачка и безбедна средина во која сеите ќе соработуваат.
За предавачот:
Иван Христов е психолог, истражувач и терапевт под супервизија. Активно работи во областите на менталното здравје, психолошка поддршка за деца и млади, и како обучувач на возрасни, и има искуство како училиштен психолог и обучувач во образованието.
Насоки за следење на настанот
За сите заинтересирани овозможено е настанот да се следи преку линк на платформата ZOOM кој што е наведен погоре или преку YouTube каналот на СмартАП;
Линк за регистрација: https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_ygbHHOBfRHyZwMKnigIUEA
Напомена: Иако следењето преку ZOOM дозволува до 500 учесници, останатите учесници ќе може целосно да го следат настанот и да се вклучат во дискусијата преку преносот во живо на СмартАП YouTube каналот. Учесниците ќе ги имаат истите овластувања и привилегии, без разлика дали го следат настанот преку YouTube или преку самата ZOOM алатка.
Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.
Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.
Како до дигитален сертификат за стекнати знаења?
- Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.
- За стекнување на дигиталниот сертификат потребно е да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).
- Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути , согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.
Дигиталниот сертификат за стекнати знаења ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од три до четири недели од страна на техничкиот тим на СмартАп.
Оваа активност се имплементира од страна на Смарт АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска aмбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.