Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори​“ (прв дел)

Видео МКД

Почитувани едукатори и стручни соработници,

Ни претставува особена чест и задоволство да ви го претставиме нашиот нов Тренинг за сајбер безбедност на едукатори. Поттикнати од континуираниот процес на учење и надоградување во полето на безбедност на интернет, го креиравме овој курс со цел полесно надминување на предизвиците и полесна адаптација на новите интернет трендови. Овој курс е само еден, но значаен чекор, во процесот на создавање системски решенија и механизми за справување со интернет заканите, поради што истиот вклучува заштита на личните податоци, справување со сајбер насилство, онлајн измами и промовирање етичко однесување на интернет.

Како учесници на ЕДУЛАБ-вебинарите, ќе имате можност:

  • да поставувувате прашања;
  • да имате консултации со предавачот;
  • да добиете сертификат за учество.
 

За #темата:

Темата на првиот ЕдуЛаб-вебинар е запознавање на едукаторите и стручните соработници со Тренингот за сајбер безбедност за едукатори. Основите на интернет безбедноста, нејзините принципи и видови измами, начини за справување со нив, како и создавањето, управувањето и одржувањето безбеден интернет идентитет и безбедното споделување информации и фотографии на интернет, се соржините што ќе бидат опфатени на овој ЕдуЛаб-вебинар.

За предавачот:

Марко Палоски работи како систем инженер, тренер на детски курсеви за информатика и компјутери како и ИТ консултант за проекти. Дел е од неколку организации и иницијативи кои што се залагаат за безбеден интернет и кибер безбедност како што се Internet Society, ICANN Internet Governance Forum, International Telecommunication Union и Safer Internet Day..

Толкување АЛБ

Сподели:

Категории

Новости кои дополнително би ве интересирале

Видео МКД   Овој вебинар е наменет за сите наставници и стручни соработници од основните и средните училишта кои се заинтересирани...
Видео МКД https://www.youtube.com/live/KKgG0vDdDLQ Вебинарот е наменет за наставници и стручни соработници од основни училишта. Вебинарот ќе им овозможи на учесниците да...
Видео МКД https://youtube.com/live/MjYcc56eICU Ни претставува особена чест и задоволство да ви го претставиме нашиот нов Тренинг за сајбер безбедност на едукатори....