
Овој курс е достапен и наменет за вработените во јавната администрација кои што соработуваат со СмартАП. Доколку сте дел од ростер листата на соработници на СмартАП активностите, по успешно поставување на нарачка, потребно е да не контактирате на [email protected] со цел да ви се одобри пристап до овој курс.
Откријте ги функциите на четири клучни ИТ алатки кои ќе ви помогнат да ги зголемите вашите професионални вештини и продуктивност. Овој курс е специјално дизајниран за вработени во јавната администрација и нуди детални упатства и видео материјали.
Во делот за Microsoft Word, ќе научите како да креирате и сочувувате урнек документи, како и како да ги зачувате како PDF. Ќе ги совладате поставувањето линкови (hyperlinks) и можностите на “Find & Replace”, како и поставувањето коментари и следењето измени во документ. Исто така, ќе дознаете како да додадете фотографии и да ги користите различните можности за приказ.
Во модулот за Microsoft Excel на напредно ниво, ќе се запознаете со основите на Excel, како и со напредни функции како печатење, заштита на документи, навигација низ работните листови и внесување податоци. Ќе научите како да работите со податоци во различни работни листови, како да поставите и користите коментари, да отстранувате дупликати и да користите условно форматирање. Дополнително, ќе се фокусирате на функции како SUM, AVERAGE и COUNT, пресметување проценти, креирање и управување со табели, филтри и графикони, како и замрзнување редици и колони.
Модулот за Zoom ќе ве води низ процесот на регистрација и инсталација на платформата, вклучување и закажување состаноци, како и користење на различните функции за време на состанокот.
Во модулот за SurveyMonkey ќе се запознаете со основите на алатката и ќе научите како да додавате нови прашања и да подготвувате прашалници пред испраќање. Ќе научите како да испраќате анкети и да собирате одговори, како и како да прикажувате и анализирате резултати.
Придружете ни се и унапредете ги вашите вештини со овие популарни и моќни ИТ алатки. Нашите детални упатства и практични примери ќе ви помогнат да ги примените стекнатите знаења веднаш во вашата работа.
Прирачникот и придружните видео материјали се изработени од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации за потребите на проектот „Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје“ финансиран од УНДП МК и Град Скопје.
Curriculum
- 5 Секции
- 17 Лекции
- Неограничен пристап
- Вовед и пристап до прирачници1
- Модул 1 - Microsoft Word4
- 2.1WORD: Креирање и сочувување на урнек документ и сочувување како PDF5 минути
- 2.2WORD: Поставување на линкови (hyperlinks) и можностите на “Find & replace”8 минути
- 2.3WORD: Поставување на коментари и следење на измени во документ11 минути
- 2.4WORD: Додавање на фотографија и различни можности за приказ13 минути
- Модул 2 - Microsoft Excel (напредно ниво)3
- Модул 3 - ZOOM: Платформа за видео комуникација4
- 4.1ZOOM: Приклучување на состанок, основни поставки за звук и кориснички интерфејс8 минути
- 4.2ZOOM: Закажување на состанок, креирање на инстантен состанок и модерирање на собата за чекање8 минути
- 4.3ZOOM: Најдобри практики и корисни совети13 минути
- 4.4ZOOM: Симнување на апликацијата и креирање на кориснички профил6 минути
- Модул 4 - Survey Monkey: Платформа за креирање на анкети5
Нашата цел е да катализираме иновации за промена во регионот и пошироко. СмартАп работи на градење екосистеми кои поврзуваат различни актери со цел промовирање и развој на социјални иновации, градејќи одржливо општество од социјален, економски и аспект на животната средина.
Курсеви кои дополнително би ве интересирале
- 24/12/2024
- 188 Учесници
- 24/12/2024
- 194 Учесници
- 22/11/2024
- 482 Учесници
- 27/09/2024
- 452 Учесници