Успешни презентациски вештини за одржување на вебинар

Овој курс е достапен и наменет за интерниот тим на предавачи на СмартАП. Доколку сте дел од ростер листата на предавачи на СмартАП вебинарите и активностите, по успешно поставување на нарачка, потребно е да не контактирате на [email protected] со цел да ви се одобри пристап до овој курс.
Овој курс е дизајниран да ве научи на основните и напредните техники за успешно презентирање на вебинари. Составен е од пет модули, секој фокусирајќи се на клучни аспекти кои ќе ви помогнат да станете самоуверен и ефективен предавач.
Модул 1: Подготовка и презентација на вебинар
Ќе научите како да ја надминете тремата и да изградите самодоверба при презентирање на вебинар. Ќе разберете колку е важен професионалниот визуелен стил и како да вежбате за подобрување на вашите презентерски вештини.
Модул 2: Структурирање на вебинар и креирање белешки
Овој модул се фокусира на правилното структурирање на вашиот вебинар. Ќе научите како да го воведете, организирате главниот дел и завршите вебинарот. Исто така, ќе разгледаме како да креирате и користите белешки за ефикасно презентирање, вклучувајќи практични совети за следење и адаптирање на вашите белешки.
Модул 3: Говор на тело и глас
Во овој модул, ќе научите за значењето на говорот на телото и како тој влијае на публиката. Ќе се фокусираме на контакт со очи, израз на лицето, движења и гестикулации. Дополнително, ќе разгледаме како правилниот изговор, јачината на гласот, брзината и интонацијата можат да придонесат за поефективна комуникација.
Модул 4: Планирање на времето на вебинарот
Овој модул ќе ви помогне да научите како правилно да го планирате времето за вашата презентација. Ќе разберете како да ја поделите презентацијата на помали временски интервали, да го мерите времето додека ја вежбате и да бидете флексибилни при непредвидени ситуации.
Модул 5: Евалуација и одговарање на прашањата
Во последниот модул, ќе научите како да креирате ефективен формулар за евалуација на вашиот вебинар. Ќе разгледаме и техники за одговарање на прашања од публиката, вклучувајќи предвидување на прашања, користење на модератор, учтивост и управување со времето за прашања и одговори. Овој модул ќе ви помогне да обезбедите квалитетна интеракција и добар фидбек од вашите учесници.
Со завршувањето на овој курс, ќе бидете подготвени да презентирате вебинари со самодоверба, професионалност и ефективност, обезбедувајќи високо ниво на вклученост и задоволство на вашите учесници.
Овие материјалите се подготвени во рамки на проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Министерството за образование и наука (МОН). Проектот е имплементриран од страна на УНИЦЕФ и СмартАп – Лабораторија за социјални иновации.
Curriculum
- 5 Секции
- 5 Лекции
- Неограничен пристап
- Модул 1 - ПодготовкаВо Модул 1 ќе ги опфатиме следните теми: како да ја надминете тремата и да изградите самодоверба при презентирање на вебинар, значењето на професионалниот визуелен стил за задржување на вниманието на публиката, и важноста на постојано вежбање за подобрување на вашите презентерски вештини.1
- Модул 2 - Структура на содржинаВо Модул 2 ќе ги опфатиме следните теми: како правилно да го воведете вебинарот за да го задржите вниманието на публиката, како да го организирате главниот дел од презентацијата за ефективна комуникација на целите, и како да го завршите вебинарот со силен заклучок. Ќе научите и како да креирате и користите белешки кои ќе ви послужат како потсетник без да ги читате директно пред учесниците. Ова вклучува утврдување на основниот концепт, избор на потребните материјали, запишување на тоа што ќе го зборувате, и вежбање на белешките за подобра презентација.1
- Модул 3 - ПрезентирањеВо Модул 3 ќе ги опфатиме следните теми: значењето на говорот на телото и неговото влијание врз успешноста на вашата презентација, како правилниот изговор и употребата на гласот придонесуваат за подобро разбирање и ангажирање на публиката.. Исто така, ќе се фокусираме на правилниот изговор, јачината на гласот, брзината, интонацијата и паузите меѓу речениците за да обезбедите јасна и ефективна комуникација.1
- Модул 4 - Менаџирање на времеВо Модул 4 ќе се фокусираме на важноста на планирањето на времето за успешен вебинар. Ќе научите како да ја поделите презентацијата на помали временски интервали и да го мерите времето додека ја вежбате, за да избегнете недостаток на време на крајот. Ќе разгледаме насоки за флексибилност, како и совети за справување со технички проблеми и непредвидени ситуации.1
- Модул 5 - Интеракција со публикаВо Модул 5 ќе ги опфатиме следните теми: креирање формулар за евалуација на вебинарот и ефективно одговарање на прашања од публиката. Ќе научите како да структурирате прашалник за евалуација кој ги вклучува клучните аспекти на предавањето, како што се јасноста на говорот, употребата на примери, и соодветната употреба на визуелни материјали. Исто така, ќе се фокусираме на техники за предвидување и одговарање на прашања од публиката, вклучувајќи совети за соработка со модератор, важноста на учтивост и целосност при одговарањето, и управување со времето за прашања и одговори.1
Нашата цел е да катализираме иновации за промена во регионот и пошироко. СмартАп работи на градење екосистеми кои поврзуваат различни актери со цел промовирање и развој на социјални иновации, градејќи одржливо општество од социјален, економски и аспект на животната средина.
Курсеви кои дополнително би ве интересирале
- 24/12/2024
- 185 Учесници
- 24/12/2024
- 193 Учесници
- 22/11/2024
- 477 Учесници
- 27/09/2024
- 451 Учесник