Прегледи: 93
Зборовите можат да повредат – стоп за вербалното насилство
Тема
Превенција и заштита од насилство
Предизвик
Како би можеле да го намалиме вербалното меѓуврсничко насилство со цел поголема сигурност во училиштето?
За активноста
Форми на работа
Тимска работа, индивидуална работа, групна дискусија и анализа
Време на реализација
Снимање и монтажа: 90 минути, прикажување, дискусија и евалуација: 1 дополнителна седмица
Возраст
Најмалку 3 ученици од секоја генерација (I до III година)
Локација
училници, ходници, двор
Потребни материјали
- Мобилни телефони или дигитална камера
- Програмa/апликации за монтажа на видео (CapCut, Filmora, iMovie, Canva, Moviemaker, Shotcut и сл.)
- Пристап до интернет за истражување
- Простории за снимање (училници, ходници, двор)

Цели
- Подигање на свеста за штетноста на вербалното насилство
- Поттикнување емпатија и почит кон другите
- Вклучување на учениците во креативна превентивна акција
- Развивање комуникациски и медиумски вештини
- Поттикнување критичко размислување за секојдневните интеракции
Очекувани резултати
- Креирано видео со силна порака против вербално насилство
- Учениците разликуваат насилство од конфликт и критика
- Зголемено препознавање и пријавување насилство
- Поголема емпатија и солидарност во училишната заедница

Чекори
- Подготовка
- Формирање мешан тим од ученици од I до III година
- Информативна средба со учениците – објаснување на целта и очекуваниот краен производ
- Истражување за вербалното насилство и за училишните политики
- Дискусија за разликата меѓу конфликт, критика и насилство
- Осмислување сценарио засновано на реални ситуации
- Поделба на улоги: сценаристи, актери, сниматели, монтажери
- Создавање ликови и дијалози
- Реализација
- Снимање на видеото во училиштето со користење мобилни уреди
- Монтажа на видеото од страна на ученици
- Прикажување на видеото на часот на одделенска заедница
- Организирање дискусија/дебата
- Евалуација на ефектот на видеото
- Објава на видеото на социјалните мрежи и профили на училиштето

Училиште
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово
Ментор
Никола Делевски
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Соња Тодоровска
- Филип Младеновски
- Катерина Стојмановска
- Матеј Каранфилов
- Бела Димовска
- Ања Трајковиќ
- Каја Трајковиќ
- Миња Димитријевиќ
- Милан Тодоровски
- Мила Серафимовска
- Вања Ангеловска
- Вања Давидовска
- Ива Михајлова
- Георги Бојковски





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.