Поврзување без бариера
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Картички со сценарија или лични приказни за да се поттикне размислување и дискусија
- Голема табла или постер за „Позитивни пораки и идеи“
- Налепници за обележување важни теми и идеи
- Маркери, бележници и пенкала за запишување идеи и мислења

Цели
- Да се развие емпатија и разбирање кон учениците со различни финансиски можности.
- Да се поттикне инклузивноста и прифаќањето како основни вредности во училишната заедница.
- Да се создаде план за реализација на идеи кои ќе помогнат да се подобри училишниот живот за сите ученици, без разлика на нивната финансиска состојба.
Очекувани резултати
- Развиена свест и почит на учениците кон различните финансиски можности на своите врсници.
- Создавање нови идеи и предлози за активности кои ќе помогнат во зголемување на инклузивноста и заедништвото.
- Воспоставена култура на разбирање и поддршка, каде што сите ученици се чувствуваат вреднувани и прифатени.

- Подготовка
Подготвување картички со сценарија
Учениците-организатори подготвуваат картички со различни сценарија или лични приказни кои претставуваат ситуации во кои можат да се најдат ученици со помали финансиски можности. (Прилог 1)
Пример за сценарија:
- „Ученик кој не може да си дозволи да оди на училишна екскурзија.“
- „Ученик кој има само неколку парчиња облека за на училиште и често ја повторува.“
Организирање на просторот
Организаторите подготвуваат простории за мала групна работа, каде што секоја група ќе има своја задача и сценарио за дискусија.
- Реализација
Вовед и објаснување на целта на активноста
- Учениците-организатори започнуваат со кратко објаснување за важноста на инклузивноста и прифаќањето. Објаснуваат дека секој од нас има своја приказна и дека сите заслужуваат да се чувствуваат прифатени и вреднувани.
Дискусија во мали групи
- Учениците се поделени во мали групи и секоја група добива картичка со сценарио. Групите се поттикнуваат да размислуваат за тоа како би се чувствувале во таа ситуација и како би сакале нивните соученици да се однесуваат кон нив.
- Групите дискутираат како би можеле да помогнат на ученик кој се наоѓа во слична ситуација и ги запишуваат идеите.
Претставување на идеите и „позитивни пораки и идеи“
- По дискусијата, секоја група накратко ги претставува своите размислувања пред сите учесници. Секој тим запишува позитивни идеи и пораки на големата табла или постер. На пример: „Сите заслужуваат да се чувствуваат прифатени“ или „Помогни им на твоите врсници да се чувствуваат како дел од групата.“
Создавање „Тим за поддршка и прифаќање“
- Учениците кои се заинтересирани можат да се пријават во тим кој ќе продолжи да работи на создавање и спроведување активности за зголемување на инклузивноста. Овој тим ќе има задача да организира редовни сесии, активности и настани кои ќе поттикнуваат еднаквост, прифаќање и инклузивност.
Поставување план за следни иницијативи
- На крајот на активноста, учениците заеднички развиваат краток план за идни иницијативи. Примери на активности:„Ден на споделување“ – каде што сите ученици ќе можат да донесат предмети или облека за размена, создавајќи средина на поддршка и инклузивност.„Тимски ден“ – ден кога сите ученици се поканети на заеднички активности без потреба за трошоци, како што се спортски натпревари, тимски игри и слично.

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Сандра Камчева
- Евгенија Стојанова
- Надица Мишовска
- Златко Божинов
- Ибрахим Алимов
- Емилија Зафирова Петков
- Љубица Невеселова
- Марјан Терзиев





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.