НЕ – за врсничко насилство меѓу учениците

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме учениците од VIII одделение да развијат стратегии за мирно и ненасилно реагирање во конфликти, а со цел намалување на физичкото насилство и создавање побезбедна училишна средина?

За активноста

Форми на работа

Групна работа, индивидуална рефлексија, дискусија

Време на реализација

На одделенски час во паралелките од осмо одделение

Возраст

Ученици од VIII одделение

Локација

Училница

Потребни материјали

  • Лаптоп,
  • Интернет-пристап,
  • Програми за изработка на видео (Prezi, Canva)

Цели

  • Развивање способност кај учениците за препознавање на своето и на туѓото однесување во ситуации поврзани со физичко насилство
  • Поттикнување свесност кај учениците за негативните последици од физичкото насилство
  • Поттикнување конструктивно и ненасилно реагирање во конфликтни ситуации

Очекувани резултати

  • Учениците ќе можат да опишат најмалку два начини на мирна реакција кога се изложени на физичко насилство, преку примери од видеото и сопствени искуства
  • Ќе идентификуваат најмалку две последици од физичко насилство врз жртвите и врз сторителите
  • Ќе развијат разбирање зошто насилството е неприфатливо и како да се изберат алтернативни решенија
Чекори
  • Подготовка
    • Учениците од проектниот тим одржуваат состанок за идентификување типични ситуации на физичко насилство во училишната средина.
    • Заедно со наставници и стручната служба ги дефинираат сценаријата за мирно и насилно реагирање.
    • Учениците, со поддршка од наставници, изработуваат кратко едукативно видео, користејќи Prezi или Canva, со анимирани сцени:
      • Како изгледа ситуација на физичко насилство
      • Како се чувствува жртвата и сторителот
      • Примери за мирна реакција
      • Последици од насилно однесување
  • Реализација

    Презентација во паралелките

    • На одделенски час, по двајца ученици од проектниот тим ја водат сесијата заедно со одделенскиот раководител.
    • Се прикажува видеото, визуелно приспособено за возраста и контекстот.

    Дискусија по гледањето на видеото

    • Одделенскиот раководител модерира разговор со прашања:
      • Што е насилство?
      • Како изгледа физичко насилство во секојдневниот контекст?
      • Зошто некој се однесува насилно?
      • Како се чувствува жртвата, а како сторителот?
      • Кои се последиците за двете страни?
      • Кои мирни начини на реагирање беа прикажани и зошто се подобри?

    Рефлексија и лична порака

    • Секој ученик сам или во пар запишува лична порака или заклучок што го извлекол од активноста (на пример: „Кога сум лут, ќе бројам до 10, наместо да удрам.“)
    • Пораките може да се изложат на „Ѕид на мирот“ во училницата или во училишниот ходник.

Училиште

ООУ „Св. Кирил и Методи“ – Кочани

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Катерина Лазаровска
  2. Марија Величкова
  3. Лилјана Јовановска
  4. Лана Лазарова
  5. Ема Јосевски
  6. Радмила Атанасова
  7. Стефан Димитров
  8. Матеј Велков
  9. Михаил Солевски
  10. Јована Георгиева
  11. Леона Досева
  12. Јован Атанасов
  13. Лина Спасова
  14. Михаил Каров
  15. Сара Панова
  16. Исидора Спасовски

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.