Куќен ред – да не биде без ред! 

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да го зголемиме почитувањето на „Куќниот ред на училиштето“ од страна на учениците, а со цел да не се доцни на часови?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална, групна, интерперсонална (игра на улоги, дебата)

Време на реализација

2 часа

Возраст

ученици од I до IV година (ученици кои почесто доцнат на часови)

Локација

Училница / мултимедијална просторија

Потребни материјали

  • Куќниот ред на училиштето (отпечатен за секој ученик или електронски)
  • Хартија и пенкала
  • Ливчиња за анонимни коментари
  • Табла/хартија за табла за забелешки
  • Печатен водич за улоги за техниката „Игра на улоги“

Цели

  • Да се поттикне свесноста за значењето на куќниот ред
  • Да се намали доцнењето на учениците преку разбирање и ангажман
  • Да се развие критичко размислување и одговорно однесување кај учениците
  • Да се создаде простор за дијалог и конструктивна дебата
  • Да се зајакне партнерството меѓу учениците и наставниците за создавање дисциплинска култура.

Очекувани резултати

  • Подобро разбирање и почитување на куќниот ред
  • Создавање лична и групна одговорност кај учениците
  • Намалено доцнење на часови
  • Зголемена самосвест и критичка процена на сопственото однесување
  • Предлози за подобрување на куќниот ред од страна на учениците
  • Формирани конкретни ученички предлози за подобрување на куќниот ред.
  • Зголемена вклученост на „пасивните“ ученици преку алтернативни методи (игра на улоги, анонимни пораки).
Чекори
  • Подготовка
    • Одредување одговорен наставник кој ќе ја модерира дебатата
    • Координација меѓу ученичкиот тим, наставникот и стручната служба
    • Идентификација на ученици кои често доцнат (преку е-дневник)
    • Информативна средба со учениците – објаснување на целта и процесот
    • Договор за терминот за реализација (последни два часа од наставниот ден)
    • Подготовка на прашања за дискусија и сценарија
    • Информирање на класните раководители за оправдување на отсуството од редовната настава
  • Реализација
    • Презентација: Одговорниот наставник заедно со ученици од ученичкиот тим го презентира куќниот ред
    • Дебата: Учениците дебатираат за:
      • почитување на одредбите
      • навики на доцнење
      • последици од непочитување
    • Игра на улоги:
      • Поделба на ученици кои ќе играат улоги и давање насоки за активноста (Прилог 1)
    • По секоја сцена, рефлексија: Како се чувствуваа во улогата?
    • Објаснување и повратни информации од страна на стручна служба
    • Пишана рефлексија: Учениците анонимно пишуваат личен коментар или предлог поврзан со куќниот ред
    • Заклучни прашања за учениците:
      • Дали ви се доволно јасни правилата од куќниот ред?
      • Кои одредби најчесто се прекршуваат и зошто?
      • Како се чувствувате кога доцните/кога некој друг доцни?
      • Што би додале или промениле во правилата?
      • Дали куќниот ред е заедничка одговорност на сите?

Училиште

СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  • Маја Проданова
  • Светлана Митровска
  • Стефчо Стефанов
  • Тамара Дронова
  • Симона Минчева
  • Драгана Маркова
  • Ѓорги Спасов
  • Крсте Накоски

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.