Прегледи: 72
За права се расправа
Тема
Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки
Предизвик
Како би можеле да ги поттикнеме учениците да ги применуваат нивните ученички права заедно со наставниците, a со цел активно учество во креирање политики и носење одлуки?
За активноста
Форми на работа
Фронтална работа, работа во парови, групна работа, дискусија и дебата
Време на реализација
45 до 60 минути
Возраст
ученици од I до IV година
Локација
Училница/мултимедијална просторија
Потребни материјали
- Компјутер/лаптоп
- Интернет-врска
- Проектор
- Презентација (подготвена од наставник и ученици)
- Печатени студии на случај
- Листови и пенкала
- Табла/хартија за табла

Цели
- Да се подигне свеста за ученичките права кај учениците
- Да се поттикнат учениците да ги препознаваат, почитуваат и да ги применуваат своите права
- Да се поттикне активна улога на ученичкиот правобранител
- Да се зголеми вклученоста на учениците во носење одлуки на училишно ниво
- Да се создаде култура на дијалог меѓу учениците и наставниците во однос на носењето одлуки.
Очекувани резултати
- Учениците се запознаени со своите права и обврски
- Зголемена доверба во ученичкиот правобранител
- Поттикната активност и интерес за ученички иницијативи
- Учениците знаат каде и како да пријават повреда на нивните права
- Зголемена транспарентност во работата на ученичкиот парламент и ученичкиот правобранител.

Чекори
- Подготовка
- Избор на наставник-координатор кој ја води подготовката
- Одржување информативна средба со:
- Претседатели на класовите
- Средношколската заедница
- Стручната служба
- Директор (опционално)
- Планирање едукативното предавање за ученички права
- Изработка на презентација во која секој клас учествува со по еден предизвик/прашање поврзано со права
- Избор и подготовка на студии на случај (реални или приспособени ситуации)
- Избор на просторија и обезбедување технички услови
- Информирање на учениците преку претседателите на класови
- Реализација
- Наставникот го воведува предавањето и ја презентира темата
- Се прикажува кратко презентација за ученички права
- Учениците се делат во парови и добиваат задача:
- Да напишат 3 права кои сметаат дека најчесто им се прекршуваат
- Секој пар презентира пред целата група
- Учениците потоа се делат во 2 групи и добиваат по една студија на случај:
- Читање и анализа на случајот
- Подготовка на кратка презентација со свое мислење
- Дискусија за двата случаи – водена од наставникот
- Финален заклучок и рефлексија, поставување прашања:
- Што научивме денес?
- Како можеме да ги примениме овие сознанија во реалноста?
- Кој може да ни помогне кога се прекршуваат правата?
- Дали ученичкиот правобранител треба почесто да се вклучува?

Училиште
СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
Ментор
Никола Делевски
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Маја Проданова
- Светлана Митровска
- Стефчо Стефанов
- Тамара Дронова
- Симона Минчева
- Драгана Маркова
- Ѓорги Спасов
- Крсте Накоски





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.