Училиште со отворено срце

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да ги развиеме социјалните вештини кај учениците од I, II и III година, а со цел почитување на различностите во училиштето?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална работа, групна/тимска работа

Време на реализација

60 минути

Возраст

ученици од I, II и III година

Локација

Училишна просторија приспособена за групна работа

Потребни материјали

  • Листови хартија (во боја и обични)
  • Маркери и фломастери
  • Пенкала
  • Картонска кутија
  • Коверти со подготвени задачи
  • Отпечатени благодарници за учество
  • Лепенки за табла/пано
  • Табла/пано за пораки

Цели

  • Поттикнување емпатија и разбирање на другите
  • Подобрување на вештините за комуникација и соработка
  • Развивање толеранција кон различностите
  • Јакнење на самосвеста и меѓусебното почитување
  • Поттикнување тимска работа преку заедничко решавање на предизвици
  • Да се зајакне меѓукултурното учење и прифаќањето на различните идентитети.

Очекувани резултати

  • Зголемена емоционална интелигенција кај учениците
  • Подобрена меѓуврсничка комуникација
  • Развиена способност за разбирање и почитување на различните перспективи
  • Јакнење на тимската динамика и поддршка меѓу врсници
  • Поттикнати лични пораки за пријателство и добрина
  • Учениците ќе можат да наведат најмалку еден нов начин на кој можат да покажат пријателство и емпатија.
Чекори
  • Подготовка
    • Набавка на материјалите и печатење на благодарниците
    • Членовите на ученичкиот тим подготвуваат сценарија за студии на случај, тврдења (вистини и заблуди), поими за пантомима
    • Просторијата се приспособува (клупи групирани во 3 зони, централен простор за презентации)
    • Се подготвуваат и обележуваат ковертите со задачи
    • Учениците се повикуваат преку оглас/покана да се пријават – се избираат по 6 ученици од секоја година
  • Реализација

    Формирање тимови

    • Секој ученик извлекува број (1, 2 или 3) што го поврзува со својот тим
    • Учениците се групираат по броеви во тимови со мешани генерации
    • Членовите на тимот се претставуваат меѓу себе

    Отворање и вовед

    • Модераторот (ученик од ученичкиот тим) ги поздравува и објаснува целите и текот на активноста
    • Лидерите на тимовите извлекуваат коверти со задачи

    Тимска работа

    • Секој тим добива:
      • Студија на случај
      • Барометарско тврдење
      • Вистини и заблуди
      • Поими за пантомима
    • Се дава време за решавање и подготовка на презентација

    Презентација и дискусија

    • Тимовите ги презентираат своите решенија, сценарија и пантомими
    • Следи водена дискусија и споделување чувства и размислувања

    Рефлексија и пораки

    • Секој ученик индивидуално пишува „Порака за пријателство“
    • Пораките се лепат на табла/пано и остануваат изложени во училиштето
    • Сите учесници добиваат благодарница

Училиште

СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Весна Славеска
  2. Руска Мицева
  3. Даниел Србов
  4. Ончева Михаела
  5. Сара Илиевска
  6. Сара Наумова
  7. Михаела Витева
  8. Росица Коларовска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.