Прегледи: 76
Кликни со разбирање
Тема
Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки
Предизвик
Како би можеле да ги поттикнеме учениците од I, II и III година да ги прифаќаат различните ученички ставови за користењето на социјалните мрежи, а со цел поголемо почитување и аргументирано артикулирање на различните ставови?
За активноста
Форми на работа
Групна (две спротивставени групи: „ЗА“ и „ПРОТИВ“)
Време на реализација
45 минути
Возраст
учениците од I, II и III година
Локација
Пространа училишна просторија (со можност за движење и групирање)
Потребни материјали
- Хамери со испишани теми или тврдења
- Листови хартија со формулирани прашања за размислување
- Маркери, пенкала

Цели
- Да се поттикнат учениците слободно да го изразуваат своето мислење.
- Да развијат способност за аргументирано бранење ставови.
- Да научат да слушаат активно и да се однесуваат со почит кон туѓото мислење.
- Да прифатат дека не секогаш мора да бидат во право и дека промената на став не е слабост, туку зрелост.
- Да се развие дигитална писменост и критичко размислување за одговорно користење на социјалните мрежи
Очекувани резултати
- Учениците ќе развијат критичко мислење и ќе научат како да ги аргументираат своите ставови.
- Ќе вежбаат активно слушање и ќе научат да ги прифаќаат туѓите гледишта без страв од осуда.
- Ќе се зајакне културата на дијалог, толеранција и почитување во училницата.
- Учениците ќе научат да формулираат аргументи без лични навреди и со почит кон различни мислења.
- Учениците ќе станат поосвестени за ризиците и придобивките од користењето на социјалните мрежи.

Чекори
- Подготовка
- Избор на релевантна и провокативна тема/тврдење за дебата (Прилог 1):
- Пр. „Социјалните мрежи имаат повеќе негативно отколку позитивно влијание.“ „Кибернасилството е посериозен проблем отколку што мислиме.“ „Социјалните мрежи повеќе нѐ разделуваат, отколку што нѐ зближуваат.“
- Запишување на темата на хамер и подготвување прашања за насочување на дебатата.
- Подготовка на просторот: 2 групи, место за модераторот и простор за дискусија.
- Избор на релевантна и провокативна тема/тврдење за дебата (Прилог 1):
- Реализација
- Формирање две групи – една „ЗА“, друга „ПРОТИВ“.
- Запознавање со темата и поставување почетни прашања.
- Време од 15 минути за тимска подготовка и запишување аргументи.
- Наизменично изнесување аргументи од двете страни.
- По секој аргумент – кратка „рефлексија“ од спротивната страна (што разбраа од кажаното).
- Финален заклучок – гласање или заеднички договор за тоа што научиле и како размислуваат по дискусијата.
- учениците во публика можат да гласаат, а може да се формира и тим од судии од редот на наставниците, стручната служба, учениците од ученичката заедница и сл. кои ќе гласаат и ќе даваат свои аргументи поврзани со темата и со дадените гласови
- може да се предложи и тимовите да бидат „мешани“, составени од ученици и наставници

Училиште
СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес
Ментор
Никола Делевски
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Весна Славеска
- Руска Мицева
- Даниел Србов
- Ончева Михаела
- Сара Илиевска
- Сара Наумова
- Михаела Витева
- Росица Коларовска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.