Системски пристапи кон справување со насилство и зголемено ученичко учество

Почитувани,

Особено задоволство ни е да ве поканиме на уште еден ЕдуЛаб вебинар, овој пат на темата „Системски пристапи кон справување со насилство и зголемено ученичко учество“, спореведен од страна на СмартАп – лабораторија за социјални иновации.

Вебинарот ќе се одржи во среда, 3 декември со почеток од 13:00 часот на платформата Zoom.

Вебинарот е наменет за директорите на средните училишта и за претставниците од општините. Неговата цел е да им понуди сеопфатно разбирање на законските обврски поврзани со постапување во случаи на насилство во училиште, како и на формите на ученичко учество.

Учесниците ќе се запознаат и со практични стратегии за ефективно спроведување на овие обврски во рамките на своите образовни институции и општини.

Ќе направиме преглед на законските одредби кои го регулираат ученичкото учество и организирање, со осврт на правната рамка и обврските на средните училишта во овој процес. Дополнително, учесниците ќе се запознаат и со деталите од правната рамка за заштита на учениците, со особен фокус на препораките и обврските утврдени во Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување.

Предавачот ќе ги запознае учесниците со позитивни примери од праксата на заштита на учениците и ефективни модели на ученичко учество и партиципација во средното образование.

За предавачот:

Ана Попризова е психолог со триесетгодишно искуство во улога на наставник и училиштен психолог, истражувач и Гешталт терапевт. Претедател е на Активот на стручни соработници на средните училишта на Град Скопје. Активно работи на полето на ментално здравје и е обучувач на различни теми од областа на образованието. Има богато искуство како практичар во обезбедување на психосоцијална поддршка на ученици и родители. Верува дека заедничката соработка помеѓу училиштето, родителите и заедницата се рецепт за градење на здрава, активна и одговорна младина.

Пријавување:

Пријавувањето е задолжително и ќе биде отворено до почетокот на самиот вебинар. Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.

За регистрирање на настанот, отворете го следниот линк: https://link.innovationlab.mk/webinar-sistemski-pristap

За сите заинтересирани овозможено е вебинарот да се следи преку линк на платформата ZOOM.

Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.

Како до дигитален сертификат за стекнати знаења?

  • Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.
  • За стекнување на дигиталниот сертификат потребно е да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).
  • Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути, согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.

Дигиталниот сертификат за стекнати знаења ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од три до четири недели од страна на техничкиот тим на СмартАп.

Оваа активност се имплементира од страна на Смарт АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска aмбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, а финансиски поддржан од Детската фондација Песталоци.

Клучни информации

    Целта за изработка на овој водич е да ви даде вам, едукаторите, идеја, насока и поддршка во создавањето наставни ресурси поврзани со учеството на учениците во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, преку примена на наставни методи и...
    • 29/05/2025
    • 231 Учесник
    Бесплатно
    Во време кога технологијата со забрзано темпо оди напред, важно е да бидеме во чекор со нејзинито развој и промена. Таа има значајна и неизбежна улога во нашето секојдневие, па така и во нашето образование. Токму за тоа, овој напреден...
    • 27/09/2024
    • 752
    Бесплатно
    Овој дигитален курс е достапен и наменет за сите едукатори од основните и средните училишта во државата. Не е важно дали претходно сте побарале пристап – за да го започнете курсот, едноставно кликнете на копчето „Започни сега“. Во денешно време...
    • 02/07/2024
    • 871 Учесник
    Бесплатно
    Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување особено поради секојдневното надградување на постоечките и појавата на новите интернет трендови и предизвици. Овој курс е само еден но значаен чекор во процесот на создавање системски решенија...
    • 14/02/2024
    • 1099
    Бесплатно

Сподели:

Поврзани настани

10декември

Законски обврски и стратегии за справување со насилство и ученичко учество (средни училишта)

Дома Пријава Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот *наменет за наставници...
6:00 pm - 7:45 pm
Zoom (online)
03декември

Системски пристапи кон справување со насилство и зголемено ученичко учество

Дома Пријава Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот Квиз Кликнете на...
1:00 pm - 2:30 pm
Zoom (online)
17декември

Препознавање и соодветна реакција на сите видови насилство – примери на добри пракси

Пријава Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот Квиз Кликнете на иконата...
6:00 pm - 8:00 pm
Zoom (Online)