Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори​“ (прв дел)

Овој настан е завршен.

Почитувани едукатори и стручни соработници,

Ни претставува особена чест и задоволство да ви го претставиме нашиот нов Тренинг за сајбер безбедност на едукатори. Поттикнати од континуираниот процес на учење и надоградување во полето на безбедност на интернет, го креиравме овој курс со цел полесно надминување на предизвиците и полесна адаптација на новите интернет трендови. Овој курс е само еден, но значаен чекор, во процесот на создавање системски решенија и механизми за справување со интернет заканите, поради што истиот вклучува заштита на личните податоци, справување со сајбер насилство, онлајн измами и промовирање етичко однесување на интернет.

Како учесници на ЕДУЛАБ-вебинарите, ќе имате можност:

  • да поставувувате прашања;
  • да имате консултации со предавачот;
  • да добиете сертификат за учество.

За #темата:

Темата на првиот ЕдуЛаб-вебинар е запознавање на едукаторите и стручните соработници со Тренингот за сајбер безбедност за едукатори. Основите на интернет безбедноста, нејзините принципи и видови измами, начини за справување со нив, како и создавањето, управувањето и одржувањето безбеден интернет идентитет и безбедното споделување информации и фотографии на интернет, се соржините што ќе бидат опфатени на овој ЕдуЛаб-вебинар.

За #предавачот:

Марко Палоски работи како систем инженер, тренер на детски курсеви за информатика и компјутери како и ИТ консултант за проекти. Дел е од неколку организации и иницијативи кои што се залагаат за безбеден интернет и кибер безбедност како што се Internet Society, ICANN Internet Governance Forum, International Telecommunication Union и Safer Internet Day.

#Како да го следам настанот?

За сите заинтересирани овозможено е настанот да се следи на два начина:

  1. Онлајн, како учесник на вебинарот преку линк на платформата ZOOM кој што е наведен погоре или преку YouTube каналот на СмартАП;
  2. Преку видео-снимките кои ќе бидат поставени на ЕдуЛаб веб-страницата по реализирање на секој вебинар

#Напомена: Иако следењето преку ZOOM дозволува до 500 учесници, останатите учесници ќе може целосно да го следат настанот и да се вклучат во дискусијата преку преносот во живо на СмартАП YouTube каналот. Учесниците ќе ги имаат истите овластувања и привилегии, без разлика дали го следат настанот преку YouTube или преку самата ZOOM алатка.

Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.

За #проектот:

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори”, имплементиран од страна на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.​

Почеток

6:00 pm

25/04/2024

Крај

8:00 pm

25/04/2024

Локација

Zoom (Online)