Зајакнување на училиштата и општините: законски обврски и стратегии за заштита и учество на учениците

Овој настан е завршен.

Опис

Вебинарот е наменет за директори на основни училишта и претставници од општините, посебно од секторот за основно образование. Програмските содржини на овој вебинар ќе им овозможат на директорите на основните училишта и на претставниците на општините сеопфатно разбирање на законските обврски кои се однесуваат на заштитата и учеството на учениците.

Ќе направиме преглед на законските одредби кои го регулираат ученичкото учество и организирање, преку осврт на правната рамка и одговорностите на основните училишта. Учесниците ќе се запознаат подетално со правната рамка и одговорностите на училиштата во поглед на заштитата на учениците, со акцент на препораките и обврските наведени во Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување.

Предавачот ќе ги запознае учесниците со позитивни примери од праксата на заштита на учениците и ефективни модели на ученичко учество и партиципација во основното образование.

За предавачот:

Весна Трајковска е лиценциран психолог и сертифициран психотерапевт. Работи како психолог во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип. Во последните 3 години работи и на полето на психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Своите компетенции во областа на ученичко учество и заштита на детските права ги стекна како активен член на училишниот тим во реализација на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето“ заедно со Коалиција СЕГА и Детска фондација Песталоци. Дел е од тимот на О3 Инвест како обучувач во програмата „Справување со врсничко насилство и кибернасилство“ , акредитирана од БРО.

Почеток

1:00 pm

13/12/2023

Крај

3:00 pm

13/12/2023

Локација

Zoom (Online)