Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори​“ (втор дел)

Видео МКД

Ни претставува особена чест и задоволство да ви го претставиме нашиот нов Тренинг за сајбер безбедност на едукатори. Поттикнати од континуираниот процес на учење и надоградување во полето на безбедност на интернет, го креиравме овој курс со цел полесно надминување на предизвиците и полесна адаптација на новите интернет трендови. Овој курс е само еден, но значаен чекор, во процесот на создавање системски решенија и механизми за справување со интернет заканите, поради што истиот вклучува заштита на личните податоцисправување со сајбер насилство, онлајн измами и промовирање етичко однесување на интернет.

Како учесници на ЕДУЛАБ-вебинарите, ќе имате можност:

  • да поставувувате прашања;
  • да имате консултации со предавачот;
  • да добиете сертификат за учество.

За #темата:

Темата на вториот ЕдуЛаб-вебинар е запознавање на едукаторите и стручните соработници со начините на безбедното онлајн однесување:

  • Позитивна онлајн комуникација
  • Препознавање и справување со кибернасилство
  • Почит и толерантно однесување на интернет
  • Критичко размислување со цел препознавање лажни информации и онлајн измами
  • Развивање критичко размислување и анализа на онлајн информации

За #предавачот:

Валентина Петрова работи како наставник по Македонски јазик во ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром. Таа воедно е и училиштен администратор за ЕСАРУ, Е-дневник и НПУД. Како долгогодишен едукатор, учествувала во многу државни и меѓународни проекти поврзани со подобрување на наставниот процес и учествувала на повеќе домашни и странски конференции посветени на образованието. Валентина посетила и била предавач на многу обуки посветени на подобрување и унапредување на образованието.

Толкување АЛБ

Сподели:

Категории

Новости кои дополнително би ве интересирале

Видео МКД   Овој вебинар е наменет за сите наставници и стручни соработници од основните и средните училишта кои се заинтересирани...
Видео МКД https://www.youtube.com/live/KKgG0vDdDLQ Вебинарот е наменет за наставници и стручни соработници од основни училишта. Вебинарот ќе им овозможи на учесниците да...
Видео МКД https://youtube.com/live/bSISPMJSM1U Почитувани едукатори и стручни соработници, Ни претставува особена чест и задоволство да ви го претставиме нашиот нов Тренинг...