Зборовна битка  

Тема

Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички

Предизвик

Како би можеле да ги мотивираме учениците со помалку развиен вокабулар да се вклучат во воннаставни проектни активности, а со цел да се зајакнат способностите за јавен настап и аргументирано изразување кај учениците?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална, групна

Време на реализација

60 минути

Возраст

Ученици од I до IV година

Локација

Училница

Потребни материјали

  • Постери за промоција на активноста и темата
  • Маркери, хамери, селотејп
  • 4 клупи за учесниците
  • 2 клупи за жири-комисијата
  • 5 столчиња за жири-комисијата
  • 10 столчиња за учесниците

Цели

  • Зголемување на самодовербата кај учениците при јавен настап
  • Поттикнување критичко размислување и аргументирање
  • Создавање инклузивна и почитувачка училишна клима
  • Поттикнување на прифаќање на различности, мислења и ставови
  • Да се поттикне активно слушање и толеранција кон различни ставови
    Да се создаде основа за понатамошно учество на учениците во проекти и јавни настапи надвор од училиштето

Очекувани резултати

  • Подобрување на јавниот говор кај учениците
  • Зголемување на вокабуларот и способноста за аргументирана дискусија
  • Поттикнување емпатија, разбирање и прифаќање туѓи мислења
  • Учениците ќе научат да прават разлика меѓу слободата на говор и говорот на омраза.
  • Учениците ќе стекнат искуство во формална дебата и ќе ја препознаат вредноста на аргументираното изразување.
Чекори
  • Подготовка
    • Учениците од ученичкиот тим изработија план за реализација на дебатата со тема „Слобода на говорот наспротив говор на омраза – каде е границата?“
    • Се одбра училница и беше уредена со потребниот распоред на клупи и столчиња за тимовите и за жирито
    • Преку ученичкиот парламент учениците од сите генерации беа информирани за активноста
    • Се пријавија 10 ученици, кои беа поделени во два тима од по 5 ученици:
    • Тим „За“ – ги застапуваа правата за слобода на говор
    • Тим „Против“ – ја бранеа идејата за ограничување на говорот кој поттикнува омраза
    • Модераторот (ученик од ученичкиот тим) ги водеше сите подготовки
  • Реализација
    • Модераторот официјално ја отвори дебатата и ја претстави темата
    • Секој тим ја изнесе својата почетна аргументација
    • Следуваше дискусија каде што секој тим ги коментираше ставовите на спротивниот тим
    • Членовите на жирито и модераторот поставуваа прашања за дополнителна аргументација
    • Двата тима дадоа заклучоци
    • Жирито, составено од ученици и еден професор, го прогласи победникот според:
    • Јасност на аргументација
    • Убедливост и логичност
    • Јавен настап и самодоверба
    • По објавување на резултатите, се отвори кратка дискусија за тоа дали и зошто некој го сменил своето мислење
    • Секој ученик индивидуално пишува кратка рефлексија: „Што научив од денешната дебата?“ или „Дали се промени моето мислење и зошто?“ – што ќе помогне за евалуација.

Училиште

СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Елена Сарафиновска
  2. Наташа Бошкова
  3. Јасмина Јованчева
  4. Нино Адраманов
  5. Сара Ристовска
  6. Матеј Ѓорѓиевски
  7. Теа Димкова
  8. Глориан Гелев

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.