Заедно за сите

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да ги вклучиме учениците за практикување на позитивните вредности за да се подобри дисциплината во училиштето?

За активноста

Форми на работа

Групна работа

Време на реализација

90 минути

Возраст

Локација

Училница, аула

Потребни материјали

  • Табла и хамер
  • Листови и прибор за пишување

Цели

  • Да се развие свеста кај учениците за да станат одговорни за своите постапки.
  • Да се развие соработката меѓу различни категории на ученици.

Очекувани резултати

  • Подобрено однесување меѓу учениците преку зголемувањето на почитта и толеранцијата.

 

Чекори
  • Подготовка

    Се формира тим од ученици за спроведување на активноста од страна на ученичкиот парламент.

    Активноста се спроведува како воннаставна активност. Тимот од ученичкиот парламент треба да ја организира активност, секако, со поддршка од одговорен наставник и претставник од стручната служба.

    Учениците од ученичкиот парламент, заедно со наставниците, изготвуваат:

    • прашања за дискусија (Прилог 1).
    • дијалози за несоодветно однесување и последиците од нив (Прилог 2).

    Се одредуваат ученици што ќе ги играат улогите во дијалозите и модераторот што ќе ги поставува прашањата за дискусија. Се избираат ученици кои ќе бидат вклучени во активноста и се одбира место и време.Учесниците и нивните одделенски раководители се известуваат најмалку една седмица пред работилницата. 

    Пред почеток на активноста, треба да се подготви просторијата каде што ќе се реализира активноста. Масите се туркаат до ѕидовите, а столчињата се редат во полукруг.

  • Реализација

    Пред да се започне со активноста, еден ученик од тимот за организација ги информира присутните за целта и планираните активности.

    • Активноста започнува со дискусија за дисциплината во училиштето. Ученикот – модератор поставува неколку прашања за да ги поттикне учениците да ги споделат своите мислења и искуства. (Прилог 1)
    • По завршување на дискусијата, се преминува на активноста ,,Активности и последици” и целта е да се развие сочувство и разбирање на другиот преку дискусија. За таа цел, претходно назначени ученици од ученичкиот праламент ги заземаат улогите на измислени ученици кои недолично се однесуваат. Тие споделуваат како се однесувале. На крајот, ученикот – наратор ги споделува последиците од овие примери на недолично однесување и ги повикува присутните да рефлектираат низ сопствени искази. (Прилог 2)

    По секој дијалог, се започнува дискусија за тоа кои се причините за ваквото недолично однесување на учениците и како да се спречи. Учениците сами предлагаат активности кои се општокорисни или коишто може да помогнат да се спречи таквото однесување. Сите предлози се запишуваа на хамер, што потоа се  истакнува на видно место.

Училиште

ООУ„Гоце Делчев“, Неготино

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Благица Јованова
  2. Коста Златанов
  3. Веселина Вељанова
  4. Евгенија Илкова
  5. Павлинка Вељаноска
  6. Елена Кабранова
  7. Ѓурѓица Андонова

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.